„Сум сменил пелена 2-3 пати, Лука е убав на сопругата, а таа ќе го воспита во чесно момче“ – Јоце Панов за татковството
А кој е најголемиот гаф што си го направил како татко досега?
Па за гаф не знам, ама најлудо беше кога ми се измочка, а седеше врз мене - а јас дотеран ќе одам на снимање.
Мислиш ли дека со сопругата го воспитувате правилно и од мал му всадувате некои убави животни вредности?
Марина е многу посветена на Лука, таа е 24/7 со него и многу внимава на неговото воспитување.
Познавајќи ги нејзините вредности не се сомневам дека и Лука ќе го воспита во добро и чесно момче.
Од друга страна, мене секогаш ме бараат кога Лука не е послушен, бидејќи од мене има најмногу страв.
Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на синот?
Премногу сличности има со мене, особено во карактерот, во начинот на гушкање, во начинот на радување, кога е среќен, страст кога нешто сака да добие, исто како мене нема трпение и сака веднаш да оди кога ќе кажеме дека нешто ќе правиме.
А на кого личи повеќе, на тебе или на сопругата?
Јас мислам дека повеќе е на мајка му во ликот. И супер што е така бидејќи таа е поубава.
Кој го бираше името?
Името беше договор помеѓу мајка му и кумовите. Јас имав и друг предлог за име, но ме победија.
Која ти е најубавата работа поврзана со татковство? А која ти е најстресна?
Како што расте сè повеќе се гледам во него и ме враќа на моето детство.
А најстресно ми беше кога падна дома и ја удри главата во ѕид.
Тоа беше таков голем стрес за мене што ми се одрази и на здравјето.
Но таков е животот, и лошите и добрите работи се дел од патот наречен живот.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело