Емилија за животот во Дубаи: „Тие се светлосни години пред нас, но пензија би сакала да дочекам во Охрид“
Што ти недостига најмногу од твојот Охрид? Колку често го посетуваш? Си довела ли некој пријател од Дубаи во Охрид?
Не можам да живеам без Охрид и моето семејство. Го посетувам два до трипати годишно.
Тука си ги полнам батериите и се враќам полна со живот во Дубаи. Се сметам за туристички амбасадор за Охрид и Македонија, секојдневно споделувам информации и им помагам на моите познаници да се запознаат и да го посетат Охрид.
Има ли правила околу начинот на кој смеат да се облекуваат жените?
Се препорачува жените да бидат пристојно облечени, со покриени раменици меѓутоа нема веќе некои стриктни правила со оглед на тоа што Дубаи стана туристичка метропола.
Колку раскошот е дел од секојдневието, како функционираат шеиците?
Раскошот е насекаде, тука е сè како модна писта, трговски, плажи, ресторани, хотели. Шеиците не се дел од секојдневниот живот, меѓутоа често можат да се забележат на јавни настани.
Колку се средени работите на поле здравство, јавен превоз итн.?
Имаат број еден здравство. На добри работни позиции тоа е целосно покриено, во спротивно е премногу скапо.
Од јавен превоз има метро, автобуси и сето тоа е премногу добро организирано.
Се возеше ли со огромното панорамско тркало? Колку чини вакво искуство?
Да, ја имав честа да бидам на отворањето и тоа беше едно прекрасно искуство. Цената за карта за стандардна кабина е 35 евра.
Како се снајде во поглед на документи и приспособување на климата?
Документација не беше многу комплициран процес со оглед на тоа дека мојата фирма го среди тоа.
Нострификацијата на дипломи (последипломски/дипломски) беше многу комплицирано.