Никола Ѓаковски: „Плажите во Доминиканската Република се како на Гугл фотки, литар гориво чини 220 денари“

„За да ги замислите плажите во Доминиканската Република сè што треба е да ги затворите очите и да ја замислите својата верзија од совршена плажа. Во Доминиканската Република 90% од плажите се со неверојатно сина вода, која е проѕирна до 3 метри, ситен песок кој би сакале да го гледате цел живот“, раскажува 27-годишниот Никола Ѓаковски.

nikola-gjakovski-plazhite-vo-dominikanska-republika-se-kako-na-fotkite-google-litar-gorivo-chini-220-denari-01.jpg

Никола Ѓаковски (27), од Скопје, раководител на сектор маректинг и продажба, неодамна ја посети Доминиканската Република.

Вели дека има патувано многу, но досега ништо не го воодушевило повеќе отколку спектакуларните плажи во Доминиканската Република кои во реалноста се исти како на фотографиите кога пребарувате на Google.

Тој ги споделува своите впечатоци оттаму за CRNOBELO.com:

Како изгледа патот од Скопје до Доминиканската Република? Колку чини летот дотаму?

Патот е во најмала рака динамичен, бидејќи не постои директна авионска врска. За мене најлесно беше да се организира летање од Софија, со прелет до Париз и од таму до Пунта Кана.

Тоа е лет организиран од една авиокомпанија Air France, па така шансите да се изгубат куферите е помала.

Постои и опција да се полета од Скопје, но тоа значи најмалку 3-4 прелети, различни авиокомпании и поголем ризик да се пропушти авион или изгуби куфер. Кога сме кај цената на летот тој чини околу 1.000 евра.

nikola-gjakovski-plazhite-vo-dominikanska-republika-se-kako-na-fotkite-google-litar-gorivo-chini-220-denari-02.jpeg

Првиот впечаток по пристигнувањето?

Уфф, по 9 часа во авион сè што сакав е само да се истегнам! Првиот впечаток е неверојатната тежина на воздухот, дури 90% влажност на воздух.

Аеродромот од далеку, поради покривот кој е изработен од трска, изгледа дека е заробен во 80-тите години на минатиот век.

Сепак, веднаш при влегувањето се забележува дека е во тон со последните норми кои ги носат светските аеродроми.

Хотелот ни беше оддалечен на 30-тина km од аеродромот, но за среќа таксисти има милион, а цената не беше воопшто висока.

nikola-gjakovski-plazhite-vo-dominikanska-republika-se-kako-na-fotkite-google-litar-gorivo-chini-220-denari-03.jpeg

Одморот во Доминиканската Република е уникатно доживување затоа што...

Доминканците имаат една изрека „Господ 6 дена го создаваше светот, 7-миот дошол тука да одмори.“ Природа, природа и само природа, за сето она кое го немаат, имаат природа како што никаде досега не сум сретнал.

Плажа, палми и проѕирна тиркизна боја на море/океан, буквално како на сликите кои ги гледаме секојдневно на социјалните медиуми.

Централниот дел од островот изобилува со насади од трска кои се втората гранка на која се темели нивниот опстанок.

Во поглед на архитектура не можат да се пофалат дека негуваат некаков стил бидејќи народот кој живее таму е доста сиромашен, па единствени големи градби се хотелите.

nikola-gjakovski-plazhite-vo-dominikanska-republika-se-kako-na-fotkite-google-litar-gorivo-chini-220-denari-04.jpeg

Најнемил настан таму? Имаше ли кражби, незгоди...?

Судирот со непознавање на англиски јазик! Чудното е што навистина се лоши со познавањето на англиски, затоа за секој кој сака да ја посети Доминиканската Република, мој совет е да го повтори својот шпански.

Во поглед на безбедноста, во и околу ресортите нема некаков проблем, но доколку излегувате надвор, шетате навечер, не е така пријатно.

Обезбедувањето во моловите и продавниците на себе носат автоматско оружје што е непријатна глетка, за разлика од кај нас таму нормална глетка е прошетка на војници во полна опрема.

Имавме изнајмено автомобил, па така прошетавме и дел од островот, така што мојата генерална оценка за безбедноста е во ред, но со доза на претпазливост.

nikola-gjakovski-plazhite-vo-dominikanska-republika-se-kako-na-fotkite-google-litar-gorivo-chini-220-denari-05.jpeg

Каква е климата?

Ние бевме во периодот на дождови т.н. дождовна сезона, но за среќа имавме идеално време. Температура од околу 32/33 степени со влажност на воздух која никогаш не беше под 70%.

Идеалното време (веројатно и клима) се од декември до февруари кога според локалците нема облак на небото.

nikola-gjakovski-plazhite-vo-dominikanska-republika-se-kako-na-fotkite-google-litar-gorivo-chini-220-denari-06.jpeg

Опиши ни ги плажите во Доминиканската Република...

Некои слики невозможно е да се опишат со зборови. Сè што треба да е да ги затворите очите и да ја замислите својата верзија на совршена плажа.

Во Доминиканската Република 90% од плажите се со неверојатно сина вода, која е проѕирна до 3 метри, ситен песок кој би сакале да го гледате цел живот.

Доколку претходно бев навикнат дека на плажа мора да се засолниш под чадор од сонцето, тука комотно може да се ужива и впива од убавините под палма.

Едната страна од островот излегува на Атлантскиот Океан, додека другата на Карипското Море.

По големина плажите на Атлантскиот Океан се пошироки и подолги, додека на Карпиското Море се поживописни, изобилуваат со школки и недопрен морски свет.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“ „Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg