Никола Ѓаковски: „Плажите во Доминиканската Република се како на Гугл фотки, литар гориво чини 220 денари“
Од кои земји имаше најмногу туристи?
Дефинитивно Шпанци и Американци. Шпанците традиционално бидејќи се работи за нивна поранешна колонија го сметаат за свое омилено место за одмор, додека за Американците претставува нешто како за нас Грција.
Секоја година доаѓаат, па затоа насекаде без проблем се плаќа во долари и поради тоа одредени нешта се неверојатно скапи.
Што ти остави најсилен впечаток од растителниот и животинскиот свет?
Најсилен впечаток ми остави разноликоста и боите кои ги има насекаде.
Никогаш не ни помислував дека ќе имам шанса да видам жив корален гребен, можност да пливам помеѓу различни по форма и големина риби, да скинам кокос и го пробам истиот (како кај нас јаболко).
Имаат папагали кои како кај нас врапчињата - слободно си летаат.
Зошто Доминиканската Република е совршена летна дестинација?
Секој оној кој сака да биде облеан во неверојатно ситен бел песок, тиркизна боја на море којашто те обзема со нејзината проѕирност, дополнето со ананас исполнет со пинаколада треба да појде таму. Оваа земја е вистинска можност за совршен летен одмор.
Повеќе фотки од Никола од Доминиканската Република:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело