Македонците што нѐ направија горди со велосипеди на Килиманџаро: „Имавме дупната гума, проблеми со аклиматизација, но и сафари и плажа“

„Шест часа пред изгрејсонце цела шестчлена експедиција се качивме на врвот на Килиманџаро и го веевме македонското знаме. Глетката горе беше одлична, но не можевме многу да се радуваме на вечните снегови на Килимаџаро, затоа што бевме премрзнати, надолу го имавме првиот дефект од скршен заден менувач, веднаш потоа и вториот – дупната гума“, раскажува велосипедистот и планинар Лазо Миновски.

makedoncite-shto-n-napravija-gordi-so-velosipedi-na-kilimandjaro-imavme-dupnata-guma-problemi-so-aklimatizacija-no-i-safari-i-plazha-01.jpg

Тројца Македонци со велосипед заедно со тројца планинари го искачија највисокиот врв во Африка, Ухуру на Килиманџаро.

За нивниот подвиг подетално за CRNOBELO.com раскажува Лазо Миновски, кој беше дел од екипата и до врвот се искачи со велосипед.

makedoncite-shto-n-napravija-gordi-so-velosipedi-na-kilimandjaro-imavme-dupnata-guma-problemi-so-aklimatizacija-no-i-safari-i-plazha-03.jpg

Неговата одлична репортажа барем на миг ќе ве одведе таму:

„Сè се случи на 5-ти декември кога следев на интернет како во Пакистан алпинистите и планинарите од повеќе држави се обидуваа да го искачат врвот К2 во зимски услови. Се запрашав зошто и ние да не можеме да патуваме и зошто короната да не спречи во нашите подвизи.

Потоа ми светна идејата што е стара 12 месеци која ја наметна мојот пријател Нешко за да се искачиме на Килиманџаро со велосипеди. Веднаш му се јавив, Нешко се сложи без никакво размислување и потоа почнавме да го создаваме тимот кој на крај заврши со бројка од три велосипедисти и три планинари.

makedoncite-shto-n-napravija-gordi-so-velosipedi-na-kilimandjaro-imavme-dupnata-guma-problemi-so-aklimatizacija-no-i-safari-i-plazha-06.jpg

Имавме два месеци на располагање за да се доспремиме кондициски и да набавиме опрема која ни фали. Одлучивме за да биде авантурата вистинска и поекстремна да одиме без водич и сè сами да си организираме.

Секако, таму моравме да имаме локален водич затоа што така налага законот во националниот парк.

makedoncite-shto-n-napravija-gordi-so-velosipedi-na-kilimandjaro-imavme-dupnata-guma-problemi-so-aklimatizacija-no-i-safari-i-plazha-07.jpg

Откако на 12 јануари ги купивме картите цела Европа почна да ги затвора границите поради новиот бран на ковид што нас малку нè загрижи дали воопшто ќе излеземе од државата.

На 10 февруари правевме тест и сите бевме негативни, на 11 февруари летнавме, а на 12 февруари слетавме во Танзанија. Кога пристигнавме освен топлото сонце во градот Аруша, каде што бевме сместени добивме цивилизациски шок од тоа како луѓето таму функционираат.

makedoncite-shto-n-napravija-gordi-so-velosipedi-na-kilimandjaro-imavme-dupnata-guma-problemi-so-aklimatizacija-no-i-safari-i-plazha-09.jpg

Веќе вториот ден се упативме кон стартот за Килиманџаро, а тоа е Марангу гејт за планинарите кој се наоѓа на 1800мнв, а ние велосипедистите стартувавме од Килема кој се наоѓа на 1900мнв. Тој ден нивната цел беше да стигнат до 2700нмв, односно до Мандара, додека нашата цел уште од првиот ден беше многу тешка не затоа што возевме велосипед, туку затоа што моравме да возиме до Хоромбо, кој се наоѓа на 3720нмв бидејќи немавме камп во пониските висини.

Уште додека бевме во Скопје мене многу ме мачеше како уште првиот ден ќе се качиме на оваа висина без аклиматизација. Тоа и се случи, лично јас на 3400мнв почувствував промени со моето тело, почнав да ја губам рамнотежата, но некако стигнавме до домот на 3720нмв во Хоромбо.

makedoncite-shto-n-napravija-gordi-so-velosipedi-na-kilimandjaro-imavme-dupnata-guma-problemi-so-aklimatizacija-no-i-safari-i-plazha-05.jpg

Наредниот ден целта на планинарите беше да стигнат до Хоромбо, а нашата цел да стигнеме до Кибо кој се наоѓа на 4720мнв. Тој ден се чувствував многу подобро и без никаков проблем стигнавме до Кибо, иако имавме мало невреме со ветер и град.

Ги оставивме велосипедите и се симнавме доле до Хоромбо. Таму се сретнавме со планинарите и повторно почна нашата дружба.

makedoncite-shto-n-napravija-gordi-so-velosipedi-na-kilimandjaro-imavme-dupnata-guma-problemi-so-aklimatizacija-no-i-safari-i-plazha-04.jpg

Веќе третиот ден, заедно со планинарите, се упативме кон Кибо. Кога пристигнавме таму ни соопштија дека за 12 часа односно дека на полноќ ќе тргнеме кон врвот Ухуру, кој се наоѓа на 5895мнв.

Малку бевме збунети дека за малку дена треба да го искачиме врвот, кога во многу статии читавме дека за успешно искачување е потребно пет до седум дена.

Како и да е за шест часа пред изгрејсонце цела шестчлена експедиција се качивме на врвот и го веевме македонското знаме. Глетката горе беше одлична и бевме среќни и радосни што шестмина сме заедно горе.

makedoncite-shto-n-napravija-gordi-so-velosipedi-na-kilimandjaro-imavme-dupnata-guma-problemi-so-aklimatizacija-no-i-safari-i-plazha-02.jpg

Не можевме многу да се радуваме на вечните снегови на Килимаџаро затоа што бевме премрзнати и по не повеќе од триесетина минути одлучивме да се спуштаме. Качувањето на врвот на нас велосипедистите ни беше потешко, но не можеме да кажеме дека така беше и за надолу. Тука го имавме првиот дефект од скршен заден менувач, веднаш потоа и вториот - дупната гума. Брзо ги решивме проблемите со велосипедите и продолживме надолу, каде во Хоромбо застанавме да го чекаме вториот дел од екипата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg