Мартин од Скопје 10 години живее во САД: „Менхетн не ми се допаѓа, администрацијата тука е иста како секаде - бавна“
Како им функционираат институциите?
Администрација секаде во светот е иста. Бавна и еден куп непотребни формулари.
Врски и тука ти требаат, само што во Америка користат еден многу убав фенси збор за тоа - конекции.
Има ли многу Македонци? Се дружите ли?
Во сојузнава држава Њу Џерси се наоѓа една од најголемите македонски иселенички заедници.
Јас лично немам многу голем контакт со Македонците, освен неколку блиски пријатели со кои се познавам од Македонија.
Дали ти дошле гости од Македонија и ако да, каде ги шеташ?
Ме имаат посетено неколку блиски пријатели и секогаш се радувам кога некој ќе ми дојде во посета.
Покрај стандардните знаменитост и туристички атракции во градот што никогаш не спие, имам неколку места кои мене лично ми се драги и сакам да ги однесам моите гости таму, но еве ќе одвојам 3.
Едно од омилените места за покажување се водопадите во Патерсон кои се втори по големина после Нијагарини водопади на источниот брег на Северна Америка.
Островот Елис и Статуата на слободата. Овие две места имаат огромно значење за историјата на САД и можат да се посетат со една тура.
Островот Елис има музеј на емиграциите во САД, како доаѓале луѓе од целиот свет и какви лекарски испитувања им вршеле пред да одлучат дали ќе ги пуштат во земјата или ќе ги депортираат.
Имаат и електронска база на податоци за сите луѓе низ историјата кои влегле во САД и можете да си платите и да ја пребарате.
Јас го направив ова со цел да го најдам дедото на мојот татко кој во 1918-1919 дошол на печалба со брод.
Третото место е јужниот дел на Менхетн каде што се лоцирани 9/11 Меморијал музеј и Музејот на Индијанците.
Ја посетуваш ли Македонија често? Што наше ти недостига најмногу во САД?
Да бидам искрен, не ја посетувам Македонија често, само затоа што немам толку долг одмор, а и сакам да патувам низ светот и да посетам места каде не сум бил.
Најчесто се трудам да ја поврзам Македонија со уште една друга дестинација.
Од Македонија ми фалат моите блиски пријатели и роднини и ми фали социјалниот живот.
Би се вратил ли некогаш да живееш во Македонија?
Никогаш не ја исклучувам оваа можност.
Но сега за сега не.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





