Ања од Скопје беше на духовно патување во Перу: „Во амазонската прашума живеев со шамани, Мачу Пикчу ме остави без зборови“
Дали имаше некоја непријатна ситуација?
Како што веќе напоменав овој период (од ноември до март) во Перу е лето, но исто така и дождлива сезона, особено во амазонската дождовна прашума каде што престојувавме.
Овие постојани врнежи создаваат влажна средина која сушењето на испраните (ограничени во број) алишта го прават практично невозможно.
Дополнително постелата и оние алишта кои ви се суви, на вакво време стануваат влажни поради воздухот и престојувањето во дрвени куќички со покрив од листови од палми.
Затоа секој сончев ден беше дочекан со голема радост.
Во џунглата вие сте само гости, таму царуваат природата, животните, инсектите и растенијата, така што често имавме несакани посетители во нашите куќички - глувчиња, пајаци, игуани, комарци, големи летачки мравки и секаков вид инсекти кои можете и не можете да ги замислите.
Но, колку и да се непријатни овие ситуации и симболизираат вадење од нашата комфор зона, сепак се нормални појави при престојувањето во едно вакво место.
Каква е модата во Пару? И колку се разликува од еден до друг дел од земјата?
Модата во Перу е уникатен спој на традиционални и модерни влијанија, како одраз на богатото културно наследство на земјата, разновидната географија и живописните урбани сцени.
Традиционалните заедници во Перу, особено оние на Андите и Амазон, носат рачно изработени облеки што ги рефлектираат нивните културни идентитети.
Шарените ткаени текстили како пончо, здолништа и капи се вообичаени, при што секој дизајн често има симболично значење поврзано со заедницата или регионот.
На пример, шапките Chullo (плетени капи со уши) и облеката од волна од алпака се популарни во областите на голема надморска височина.
Овие облеки често имаат смели, геометриски фигури и живописни бои направени од природни бои..
Урбаната мода, пак, во области како Лима и Куско, е под силно влијание на западните трендови и меѓународните стилови.
Ако некој сака да оди во Перу, кои се твоите препораки - што мора да види или проба, а што не?
Перу е земја која нуди многу различни можности и алтернативи, зависно интересите на секој поединец.
Според мене сите атракции кои ги посетив се must see места за да се почувствува и доживее духот на оваа земја.
И да, научете барем неколку основни зборови на шпански бидејќи, англискиот јазик е ретко зборуван од локалното население.
Погледнете повеќе фотографии:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





