Кристијан Шемко: „Се вратив во Македонија да одморам од напорната работа како ѕидар во Сиднеј, но пак се отселив“

Кои работи од Австралија најмногу ти недостигаа, а сега повторно ги имаш?

Уф..и ова е долга листа. Од каде да почнам?!

Велат дека домот е таму каде што се чувствуваме сигурно, емоционално и физички. Не мора да е физички дом, составен од куќа и бетон. Може да е и соба, кревет, посебна маса во кафуле, посебна патека по која правиш утринска прошетка итн.

Мене најмногу ми недостигаше редот во Сиднеј. Едноставно државата си води ред. Дали е за сообраќајни знаци, дали е за ред за чекање, дали е ред за услужување муштерија на шалтер, итн.

Второ, храната тука е превкусна и израснав со неа. И најинтересно е што (зависно во која населба живееш, нели) има толку разновидна храна од толку многу нации и култури.

kristijan-shemkovski-se-vrativ-vo-makedonija-da-odmoram-od-napornata-rabota-kako-dzidar-vo-sidnej-no-pak-se-otseliv-02.jpg

Едноставно, во Сиднеј има сè што можеш да замислиш од храна.

kristijan-shemkovski-se-vrativ-vo-makedonija-da-odmoram-od-napornata-rabota-kako-dzidar-vo-sidnej-no-pak-se-otseliv-03_copy.jpg

Ми недостигаше чистиот воздух. Тоа забележав првите денови кога пристигнав.

Прашина на автомобилите има многу малку, речиси воопшто. Воздухот, чудесно, не мирисаше на изгорена пластика и отпад.

И ми недостигаше анонимноста и шареноликоста на секојдневието.

Претходно бев типичен Балканец кој сакаше да биде виден со скапи мотоцикли, со фенси маици на Инстаграм и да се фали со разни скапи играчки, а сега станав типичен „сиднејчанец“, анонимус кој е еден од многумината кои си тераат свој филм.

kristijan-shemkovski-se-vrativ-vo-makedonija-da-odmoram-od-napornata-rabota-kako-dzidar-vo-sidnej-no-pak-se-otseliv-07.jpg

Едноставно, не мора да те познава цел свет кога ќе излезеш до чаршија или на шопинг да купиш нешто или да се напиеш кафе.

Едноставно, лесниот дух на овие луѓе и ова поднебје ми недостигаше. Не знам зошто е тоа така. Сега само што дојдов и сè уште истражувам.

Никаде во светот нема две убавини и сè совршено. Ние самите бираме каде се чувствуваме како дома.

Моментално, Сиднеј е мојот дом (или отсекогаш бил, а јас сум го негирал тоа). Останува да видиме...

kristijan-shemkovski-se-vrativ-vo-makedonija-da-odmoram-od-napornata-rabota-kako-dzidar-vo-sidnej-no-pak-se-otseliv-11.jpg

Зошто ја напушти Македонија?

Ми требаше нешто ново. Некој излез од тој лавиринт на живеење во Македонија. Некоја поширока перспектива.

Не сакам да ја оцрнувам Македонија. Македонија е преубава земја со свои природни богатства и широкоград народ.

Меѓутоа, сметам дека ние Македонците не знаеме да си ја цениме државата и немаме големо чувство на национален идентитет. Тоа ми пречеше најмногу.

kristijan-shemkovski-se-vrativ-vo-makedonija-da-odmoram-od-napornata-rabota-kako-dzidar-vo-sidnej-no-pak-se-otseliv-12_copy.jpg

Сепак, каква-таква, јас си ја сакам многу. И ако не израснав таму и македонскиот не ми е мајчин јазик, се поврзувам со културата и со историјата.

Штета, затоа што таму живеат многу таленти и паметни луѓе.

Јас, среќен сум, што собрав храброст и купив карта. Се поздравив со најблиските и летнав кон новиот свет.

Едноставно, моментално чувствувам дека треба да бидам во Австралија. Со Македонија секогаш ќе одржувам контакт и ќе продолжиме да се сакаме.

Но, мислам дека ќе бидеме платонска љубов.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...
Стефан Димитриевски, патувачки фотограф: „На Шар Планина го фотографирав најубавото изгрејсонце“ Стефан Димитриевски е од оние млади луѓе кој не оди никаде без својот фотоапарат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg