Фотографот Badstef летуваше на Миконос: „Џин тоник е од 25€ нагоре, а најевтина лежалка на плажа е 60€“

„Сместувањето за 5 дена може да чини од 700 до 30.000 евра од личност. Има ресторани во кои мора да потрошите минимум 150 евра по човек, што е непотребно фрлање пари“, вели фотографот Стефан Соколовски за летувањето на Миконос.

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-01.jpg

Македонскиот фотограф Стефан Соколовски, познат како Badstef, летово имаше агенда исполнета со многу снимања и фотосесии на неколку интересни локации низ Европа.

По напорниот период, тој замина на краток одмор на Миконос, кој важи за еден од омилените грчки острови на светскиот џет-сет.

Таму, освен што се забавуваше, Стефан направи и неколку фотосесии, бидејќи, како што вели, убавината на островот го мами да фотографира.

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-18_copy.jpg

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-14.jpg

Но, Миконос важи и за една од најскапите дестинации во Грција, а Стефан, во интервјуто за CRNOBELO.com, сподели свои искуства поврзани со самиот остров, цените, плажите, познатите ноќни клубови:

Ова не е твое прво патување на Миконос. Дали беше на летување, повторно поради работа или можеби комбинација од двете?

Скоро сите мои патувања се комбинација од двете.

Овој пат повеќе преовладуваа одморот и забавата, но сепак, имав и два дена во кои правев фотосесии, бидејќи не можам да одолеам, а да не фотографирам на прекрасните позадини и убавини на Миконос.

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-15.jpg

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-43.jpg

Која ти е најфасцинантната работа за островот, поради што постојано се враќаш таму?

Искрено, климата е одлична, бидејќи не е претполно и скоро по цели денови има ветер, па воопшто не се чувствуваат огромните жештини.

Луѓето таму се модно освестени и генерално на островот одат многу убави туристи.

Тука се и преубавите бич барови, плажи, клубови во кои доаѓаат сите најактуелни диџеи.

Но, голема предност е што Миконос ни е блиску и може да се „скокне“ дотаму дури и на само 3-4 дена.

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-28.jpg

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-02.jpg

А што не чини на Миконос? Кои се негативните страни?

Таксито! Транспорт на самиот остров е катастрофа, тоа е нешто што ме излудува и навистина е хорор.

На Миконос вон сезона живеат само 3.500 жители и поради тоа има само околу 40 таксисти кои се од такси компанија, 60 uber возила и околу 100 автомобили од imove, нова апликација за такси на грчките острови.

Така што, на сите кои одат, им препорачувам да рентаат коли или да се спремат дека ќе ги „искинат“ нервите ако решат да бараат такси, ха, ха.

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-21.jpg

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-12.jpg

Како се стига најлесно до островот?

Мислам дека најлесна опција и најдобра конекција е да се лета преку Солун.

Исто така има и летови од Атина, ама тоа ни е многу подалеку.

А може и со траект од одредени пристаништа, но со авион мислам дека е најдобро.

Јас од Скопје до Солун oдев со автомобил, а потоа авионски. Самиот лет е многу краток и трае 1 час.

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-17.jpg

fotografot-badstef-letuvashe-na-mikonos-djin-tonik-e-od-25-nagore-a-najevtina-lezhalka-na-plazha-e-60-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...
Маринела од Прилеп го посети Мексико: „Шишенце вода на плажа е 10€, пирамидите во Чичен Ица се волше... „Најголемата причина што сега отидовме во Мексико, беше свадбата од еден од најд...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg