Фотографот Badstef летуваше на Миконос: „Џин тоник е од 25€ нагоре, а најевтина лежалка на плажа е 60€“
А што е со сместувањето? Колку се движат цените во хотелите или приватното сместување?
Сместувањето на Миконос за 5 дена може да ве чини од 700 евра па до 30.000 евра од личност.
Моја препорака за сместување ви е да е околу регијата Орнос или блиску до аеродромот.
Првата година кога бев, не го знаев островот и бевме скроз горе северно, во карпи, па плажите ни беа далеку, а центарот на минимум 30 минути.
Овојпат бевме во регионот Клоувас, кој е близу аеродромот и со такси е на само 10 минути оддалечен од сите случувања во центарот, односно од стариот град.
Лично, омилен и најромантичен хотел ми е Cavo Tagoo Mykonos, додека од сличен ранг, но многу полежерно и урбано, би го извдоил Soho House Mykonos.
Колку чини изнајмување лежалка на плажа? Има ли плажи каде што може сам да си поставиш лежалка?
Повеќето плажи на Миконос се прескапи и луксузни и има големи ограничувања околу минималната сума што треба да ја потрошите кога сте таму, а што навистина е огромно оваа година.
Најевтината плажа која ја знам јас е со лежалка која чини 60 евра.
Има и одредени плажи каде таа сума е 200 евра по човек, а на плажите има и кабани (како кревети во завеси) кои чинат и по 2000 евра.
Мислам дека има опција да се оди на диви плажи, каде што не се плаќа ништо, но тие обично не се туристички и се поскриени, а ги знаат локалците.
Мои омилени плажи на островот се Lohan Beachhouse, Nammos, Principote, Soho House Beach, Alemaogou beach и Solymar beach.
Што е со цените на храната, пијалаците? Што е најскапо, на пример? Постојат ли локали каде што може да влезеш без резервација?
За храна има и понормални таверни и ресторани, но сите познати и најпосетени локали се многу поскапи.
Рекордот во рестораните е минимум 150 евра кои мора да ги потроши една личност.
Тоа веќе малку форсира непотребно трошење.
Пијалак во која било дискотека почнува од 25 евра и тоа за џин тоник, другото е и поскапо.
ВИП резервации за Scorpios и слични популарни места почнуваат од 10.000 евра.
Многу ретко некаде се влегува без резервација, но за среќа јас имам неколку пријатели и пријателки кои работат таму, па тие работи околу резервациите ми беа многу олеснети.
Миконос е познат по одличниот ноќен живот... Како изгледаат забавите во нивните клубови?
Јас не сум голем „клабер“, но енергијата на самиот остров секогаш ме „вози“.
Летово таму бев на забавите на Алек Монополи, Дебора де Лука, Махмут Орхан, Адам Порт и навистина беше одлично.
Моја препорака за оние што ќе одат на Миконос е да го посетат Lio, кабаре со одлична програма, кое има феноменални танчари и танчарки и навистина мора да се доживее.
Најдоброто е тоа што на островот доаѓаат интересни луѓе, од Американци и Британци, преку луѓе од арапските земји, а кои се навистина со отворен дух и знаат да се забавуваат.
Сите танцуваат и единствена цел им е убав помин, без камери и погледи како кај нас.
Како интересна случка можам да издвојам дека на вакви места секогаш може случајно да сретнете по некоја позната личност.
Пред посетата на Миконос, бев на Ибица и случајно ја видов Кети Пери во Pacha, на забавата Flower Power, а таму го запознав и познатиот артист Дипло.
Додека на Миконос оваа година единствени кои ги видов беа актерот Нил Патрик Харис, односно Барни од серијата How I Met Your Mother, и основачите на модниот бренд Dsquared.
Островот важи за еден од омилените и на светскиот џет-сет и е прилично скап. Имајќи го ова предвид, дали секој може сепак да си дозволи да летува на Миконос - има ли места каде што целите се „нормални“?
Да, да, секако дека има и такви места. Всушност секое ин место на светот има и две страни.
И Миконос е достапен за сите, само треба добро да се истражува.