Милош Младеновски: „Растев во сиромаштија во Куманово, татко ми работеше во Авганистан, морав да купам карта во еден правец за Норвешка“

„На 25 години заминав од Македонија со карта во еден правец. Норвешка се грижи за своите државјани, иако не сум државјанин сè уште. Имав здравствен проблем за кој во Македонија плаќав многу по приватни клиники и на крај излезе дека треба да правам операција, па Норвешка ми додели преку 100.000 евра и секој месец по 3.500 евра за терапии. Плус, кога останав без работа, Норвешка ми даваше 66% од платата која ја примав во последните 3 години, за додека да се снајдам“, вели Милош Младеновски (30) од Куманово во интервју за CRNOBELO.com.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-01.jpg

Милош Младеновски (30) од Куманово, дизајнер (UX/UI & Visual Designer) по професија , веќе години наназад Норвешка ја нарекува свој дом.

Тој живее во Осло и вели дека иако почетокот бил тежок, оваа држава му дала многу можности и дека успеал да напредува низ годините, но и да се навикне на ритамот на животот таму.

Во интервју за CRNOBELO.com тој зборува за својот животен пат, но и за тоа како изгледа животот во Норвешка:

Што те одведе во Норвешка?

Јас сум израснат во многу сиромашно семејство каде парите беа потреба, а не луксуз, имав низок квалитет на живот и парите ми беа на прво место.

Уште како мал имав желба и интерес за компјутерска технологија и дизајн.

Кога започнав да одам во средно училиште, имав среќа татко ми да се вработи во Авганистан, од каде што успеа да ми овозможи да ми донесе компјутер, мобилен телефон и книги со порака „Сега имаш сè што ти треба за да си заработуваш свои пари“.

Тоа беа последните пари добиени од него, во тој момент бев под стрес, нервозен, затоа што сите мои пријатели имаа пари за излегување, а јас бев принуден да седам дома и да учам додека не започнав да заработувам сам.

Но, сега, по 15 години, сум премногу благодарен на таквата постапка на татко ми бидејќи тој негов став ми даде уште повеќе желба да не чекам пари од никого, туку да се научам да заработувам сам.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-03.jpg

Започнав да работам како фриленсер и работев на приватни проекти од 16-та година, потоа започнав да се занимавам со маркетинг, мобилни апликации, но не ми беше доволно.

Започнав да работам по дискотеки бидејќи сакав да воспоставувам врски со луѓе и да заработам што е можно повеќе.

Кога се врати татко ми започна приватен бизнис, но не успеа, повторно беспарица, развод со мајка ми, двајца невработени.

Работев во просек 16-17 часа секој ден од понеделник до понеделник за да им платам основни работи, храна, сметки, да го исплатам факултетот кој го започнав и да го исплатам кредитот кој го зедов за автомобилот.

Не ми беше тешко, се трудев колку можев, но не ми беше тоа доволно, работев доста време така, но тогаш сфатив дека во Македонија е тешко да успееш, или ќе си криминалец или ќе трчаш по политички партии.

Не сакав ниту едно, ниту друго.. Самата држава ме наведе да аплицирам за бугарски пасош и да си ја најдам среќата на друго место.

На 25 години заминав од Македонија со карта во еден правец и си ветив на себе дека нема никогаш да се вратам назад, ако треба ќе спијам по улици, но има да успеам и да направам нешто од себе.

Дојдов во Норвешка, вложив максимален труд и издржав 2 години без да се вратам. Веќе на првото враќање во Македонија земјата не ја чувствував како своја, знаејќи колку Норвешка ми помогна во меѓувреме за 2 години, колку што Македонија не успеа за 25.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-02.jpg

Тешко ли ја донесе одлуката да се преселиш таму?

Одлуката успеав да ја донесам за 10-15 минути бидејќи навистина бев решен да се отселам од Македонија, се сеќавам како ден-денес да го живеам моментот.

Седевме со другар ми, пиевме кафе и зборував со пријател кој живееше веќе тука и ми објаснуваше колку е убава земја, колку бенефиции можеш да добиеш, колку квалитетен живот пред сè имаат луѓето и си мислам кај ние живееме...

Додека зборував со него, купив карта во еден правец, се вратив дома и ѝ кажав на мајка ми „Мамо, јас за 4 дена одам за Норвешка“. Малку ѝ беше стресно во почетокот, но потоа ми кажа „Подобро биди далеку од мене, ама биди среќен на друго место, отколку да си до мене и да те гледам несреќен тука“.

Срцето ми се скрши кога го слушнав тоа, но таков е животот - ретки се моментите кога во животот е лесно.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-20.jpg

Како е да се живее во Норвешка?

Да се разбереме уште на почеток, сите имаат мисла дека Норвешка е земја каде што можеш да заработиш многу пари и сите имаат многу квалитетен живот.

Тоа е точно, но секој успех си влече свои жртви. Ако си решен да живееш во Норвешка и да успееш, треба да одиш по нивен правилник.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-04.jpg

Каков е тој правилник? Па, тоа е што тука нема одење по соседи, озборување, кафеани, скара и пиво по секој ден.

Скандинавскиот народ си има свој начин на живот, а тоа е: Стануваш наутро, одиш на работа (евентуално ако имаш можност одиш на тренинг пред работа).

Во компанијата во која работам условите за работа се феноменални. Понеделник и петок работиш од дома, вторник, среда и четврток одиш на работа, но не е задолжително - повеќето луѓе работат од дома.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-01_copy.jpg

Се враќаш дома и ти преостанува од 16 часот до вечерта слободен ден.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-16.jpg

Ова слободно време наместо да го седиш дома, Осло организира многу настани и градот е жив секој ден. Осло си има своја веб-страница, каде што можеш да ги следиш сите настани, кои се случуваат тука и да бидеш дел од нив.

Петок и сабота се одлучив да работам уште една работа како обезбедување во ноќните клубови, бидејќи ми е полесно да воспоставувам врски со луѓе и да го усовршам норвешкиот јазик што е можно повеќе.

Има доста наши луѓе со кои се спријателив, со кои започнав бизнис каде имаме веќе свои дискотеки и фирми и за разлика од пред 5 години животот станува сè полесен и полесен.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-15.jpg

Кои се позитивните, а кои негативните страни на животот таму?

Па, негативни страни има само за оние кои не сакаат да работат и кои сакаат пари преку ноќ.

Имав исто така можност да видам колку Норвешка се грижи за своите државјани (иако не сум државјанин сè уште). Имав здравствен проблем за кој во Македонија плаќав многу по приватни клиники за доктори да дојдат и да ми кажат „А бе ништо не ти е, пази само што јадеш“, но не беше така.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-05.jpg

На крај излезе дека требаше да правам операција и Норвешка ми додели преку 100.000 евра и секој месец по 3.500 евра за терапии. Не платив ниту една круна.

Останав без работа, Норвешка ми даваше 66% од платата која ја примав во последните 3 години (со таа плата можеш да си го платиш станот кај што живееш, јадење за цел месец и да ти остане нешто на страна за трошење).

Да бидам искрен, државата е толку добро направена да едноставно не можеш да најдеш мана, бидејќи те обезбедуваат од сите страни и никогаш нема да те остават без парче леб и на улица.

milosh-mladenovski-rastev-vo-siromashtija-vo-kumanovo-tatko-mi-raboteshe-vo-avganistan-morav-da-kupam-karta-vo-eden-pravec-za-norveshka-30.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Бојан од Скопје живее на Канарски Острови: „Локалците се дружељубиви, но ненајавен не можеш да отиде... „Тука нема толку гужви како во Македонија, никој не брза за ништо, сè е полабаво...
Стефан Димитриевски, патувачки фотограф: „На Шар Планина го фотографирав најубавото изгрејсонце“ Стефан Димитриевски е од оние млади луѓе кој не оди никаде без својот фотоапарат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg