7 начини како да го користите сенфот во кујната - им дава шмек на салатите, го омекнува месото

Сенфот е зачин кој или ви се допаѓа или не го сакате. Професионалните готвачи, пак, го користат често и тврдат дека тој му дава сосема поинаков вкус на јадењето, особено на салатите или кога маринирате месо.

7-nachini-kako-mozhete-da-go-koristite-senfot-vo-kujnata-im-dava-shmek-na-salatite-go-omeknuva-mesoto-01.jpg

Па освен што можете да го споите со мед и да добиете прелив за пилешки прсти, или да го додадете во руска или пилешка салата, постојат уште седум начини на кои можете да го вклучите сенфот во вашата секојдневна исхрана и да ѝ дадете поинаков шмек на храната.

Погледнете неколку идеи во продолжение:

Печено месо

За да добиете убава кора од јагнешкото месо, на свинското филе или на мисиркините гради, премачкајте ги со сенф пред да ги ставите да се печат.

7-nachini-kako-mozhete-da-go-koristite-senfot-vo-kujnata-im-dava-shmek-na-salatite-go-omeknuva-mesoto02.jpg

Риба

Рибите како лососот и туната се уште повкусни ако кората им ја премачкате со сенф и ги оставите да отстојат. Истото важи и за филетите, но нив е доволно да ги премачкате пред печење.

Тестенини

Неколку лажици зрнест сенф ќе им дадат убава свежина и арома на сосовите што ги подготвувате дома, а се на база на неутрална павлака или бешамел сос.

7-nachini-kako-mozhete-da-go-koristite-senfot-vo-kujnata-im-dava-shmek-na-salatite-go-omeknuva-mesoto-04.jpg

Пире од компири

Пробајте нешто поинакво и во класичното пире од компири додадете малку сенф за подобар вкус. Ова пире можете да го посипете и со крцкава сланина и веднаш ќе добиете одличен специјалитет.

Прелив за салата

Преливот со сенф е класичен додаток за салати од зелка, цвекло, мимоза салата и компир. Измешајте го сенфот со малку масло, бибер и сол и прелијте ја салатата што сте ја подготвиле.

7-nachini-kako-mozhete-da-go-koristite-senfot-vo-kujnata-im-dava-shmek-na-salatite-go-omeknuva-mesoto-03.jpg

Намаз

Направете вкусен домашен намаз - измешајте сенф со полурастопен путер и ќе добиете вкусен намаз за тост, сендвичи или додаток за печен зеленчук.

Јајца

Сенфот оди одлично во полнети јајца. Сварете ги јајцата, пресечете ги на пола, па извадете ја жолчката. Испасирајте ја и во смесата додајте сенф, малку путер, сол, бибер и копар. Наполнете ги половинките од јајцата со филот.

7-nachini-kako-mozhete-da-go-koristite-senfot-vo-kujnata-im-dava-shmek-na-salatite-go-omeknuva-mesoto-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg