11 кулинарски трикови што можеме да ги научиме од Италијанците
Не претерувајте со лукот, за пица користете моцарела и одбирајте го видот на тестенини според сосот – неколку кулинарски трикови со кои ќе станете експерт за италијански јадења.
Италијанските јадења се едни од највкусните, но и полесните за правење.
Покрај тоа, во италијанската кујна се користат свежи намирници кои се релативно евтини и достапни кај нас.
11 кулинарски трикови од Италијанците со кои ќе правите уште повкусни италијански специјалитети:
Додајте ги зачините на почетокот
Кога ќе ги додадете зачините на почетокот, без разлика дали се свежи или сушени, тие ќе имаат повеќе време да ја ослободат нивната арома.
Искористете го зеленчукот пред расипување за супа
Италијанците сакаат максимално да ги искористат намирниците што ги имаат во кујна, а имаат и посебен израз за тоа – cucina povera, што може да се преведе како „готвење за сиромашни“.
Одличен пример за овој начин на готвење е вид италијанска супа за која нема конкретен рецепт и се прави со зеленчукот што веќе го имате дома.
Во супата можете да додадете што било од вашиот фрижидер – компири, моркови, брокула, карфиол…
Не претерувајте со лукот
Лукот може да го подобри вкусот на секое јадење, но Италијанците не претеруваат со него.
Генерално, во италијанската кујна се користат многу зачини, па ако ставите и многу лук, вкусот ќе биде премногу интензивен.
Постојано мешајте го оризот
Кога правите италијанско рижото, не можете да го варите оризот како вообичаено.
Сpоред традиционалниот рецепт, најпрво треба да го запржите оризот со масло или путер и малку кромид.
Потоа треба постепено да ја додавате течноста во оризот со постојано мешање.
Оризот не треба да зоврие, а со постојаното мешање ќе се свари рамномерно.
Никогаш не додавајте масло во водата
Кога варите тестенини, бесполезно е да додавате масло во водата.
За да не се залепат, треба само да ги мешате, а маслото додајте го дури откако ќе ги прецедите.