Делови од овошјето и зеленчукот што обично ги фрламе, но се добри за здравјето
Листови од цвекло
Зелените листови на цвеклото се богати со витамини А и Ц и го зајакнуваат имунитетот.
Можете да ги запржите листовите со друг зеленчук, како пиперки и кромид, а можете и да ги додадете во салата, супа или свежи сокови.
Кора од портокал
Сама по себе, кората од портокал не е највкусното нешто, но можете да ја кандирате или да ја искористите за мармалад.
Можете и да изрендате мали количества во свежи сокови.
Кората од портокал е богата со калциум и витамини А, Б6 и Ц.
Лушпа од кромид
Лушпата од кромид е одличен извор на витамини А, Ц и Е, како и бројни антиоксиданти.
Исушената кора можете да ја издробите и да ја измешате со други сушени зачини, па да си направите свој микс.
Можете и да ја додадете во супи за побогат вкус.
Стебло од брокула
И стеблото на брокулата е погодно за јадење и можете да го јадете на ист начин како останатиот дел од зеленчукот.
Но, ако не ви се допаѓа вкусот, секогаш можете да го додадете стеблото во супа или да го комбинирате со други зеленчуци.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





