Делови од овошјето и зеленчукот што обично ги фрламе, но се добри за здравјето
Кората од портокал е богата со калциум и витамини А, Б6 и Ц, а можете да ја додадете во свежи сокови, да ја кандирате, па дури и да направите мармалад од неа.
Некои делови од овошјето и зеленчукот, како лушпи или семки, ги фрламе без многу размислување.
Но, некои од нив се полни со корисни хранливи материи и лесно се вметнуваат во бројни јадења.
Кои делови од храната не треба да ги фрлате?
Семки од тиква
Немојте да ги фрлате семките од тиква – испечете ги и ќе имате здрави грицки.
Семките од тиква се богати со многу корисни хранливи материи и ја подобруваат дигестијата.
Кoра од лубеница
Веројатно не би помислиле да ја јадете кората од лубеница, но знаевте ли дека можете да ја искористите за слатко?
Можете и да го одвоите белиот од зелениот дел и да го додадете во свежи сокови.
Кoрата од лубеницата е богата со хранливи материи, како витамини А, Ц и Б6, како и антиоксиданти.
Ливчиња од морков
Листовите на морковот не само што се безбедни за јадење, туку содржат и многу хранливи материи, вклучувајќи витамин А, хранливи влакна, витамин Ц, калциум и железо.
Можете да ги додадете во свежи сокови и супи, но и да направите намаз од нив во комбинација со маслиново масло и зачини.
Лушпа од краставица
Ќе внесете многу повеќе корисни хранливи материи ако престанете да ја лупите краставицата.
Лушпата содржи минерали како магнезиум и калиум, како и хранливи влакна, витамин К и витамин Ц.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





