10 трикови за складирање со кои храната ќе ви трае многу подолго
Избришете ги тиквичките со хартиен бришач за раце пред да ги ставите во фрижидер, а печурките ставете ги во хартиена кеса во фрижидер.
Некои намирници, особено овошјето и зеленчукот, немаат многу долг рок на траење. А, откако ќе почнат да скапуваат, не ни останува ништо друго освен да ги фрлиме.
Сепак, можете да го продолжите рокот на траење на многу продукти само ако обрнете внимание на начинот на којшто ги складирате.
Неколку совети и трикови што ќе ви помогнат во ова:
Немојте да ги миете тиквичките откако ќе ги купите, туку дури кога ќе сакате да ги готвите. Препорачливо е и пред да ги ставите во фрижидер да го соберете вишокот влага од нив со хартиен бришач за раце.
Колачињата ќе бидат свежи и крцкави многу подолго време ако ги ставите во добро затворен сад за храна.
За да им го продолжите рокот на свежите зачини, како босилек, ставете ги во чаша со вода (како цвеќе во вазна). Можете и да ги покриете со кеса за да траат уште подолго.
-->
-->
Немојте да чувате отворени конзерви во фрижидерот. Покрај тоа што храната во нив ќе се расипе побрзо, мирисот од конзервата ќе се рашири низ целиот фрижидер. Можете да ставите силиконски капак врз конзервата или да ја префрлите храната во добро затворен сад.
-->
Ако имате малку зелени домати кои сакате да ги изедете побрзо, чувајте ги на собна температура, но свртени надолу (како на фотографијата). На овој начин тие ќе созреат побрзо, но нема да омекнат многу. Ако, пак, сакате да го забавите зреењето, чувајте ги во фрижидер.
Уште пет трикови на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз
Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...

Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно)
Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...

Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго?
Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...

Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата)
Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...

Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)?
Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...