8 трикови за искористување на овошјето и зеленчукот што се за фрлање
Немојте да ги фрлате потемнетите банани – искористете ги за да направите лепче од банана кое е одлично како ужина, но и за појадок.
Знаевте ли дека можете да искористите огромен дел од овошјето и зеленчукот што инаку би ги фрлиле?
Кога максимално ќе ја искористите храната не само што ќе заштедите, туку и ќе го намалите вашиот отпад, а со тоа ѝ правите добро на планетата.
Како да ја искористите храната што инаку би ја фрлиле?
Исушени моркови
Ако морковот нема мувла, но е малку овенат или исушен, лесно можете да го „освежите“.
Треба само да го ставите во сад со студена вода и да го оставите да отстои во фрижидерот неколку часа.
Презреани банани
Немојте да ги фрлате потемнетите банани – искористете ги за да направите лепче од банана.
Лушпата, пак, можете да ја исечете на ситни парчиња и да ја искористите како ѓубриво за вашата градина.
Прочитајте повеќе: Искористете ги потемнетите банани – рецепт за здраво лепче со банана
Овената брокула
Слично како морковот, можете да ја вратите брокулата во живот ако ја ставите во вода.
Исечете малку од долниот дел на стеблото и ставете го во чаша со вода во фрижидер. Нека отстои неколку часа.
Потемнето авокадо
Нема потреба да го фрлате ни потемнетото авокадо – од него можете да си направите маска за коса. Авокадото е богато со витамини кои можат да ја зајакнат косата.
Едноставно, испасирајте го авокадото, додајте лажица-две кокосово масло и нанесете ја смесата на косата. Оставете да отстои еден час, па темелно измијте ја косата.
Омекнати домати
Ако доматите се премногу меки за да ги јадете свежи, можете да ги испечете или со нив да направите сос за тестенини.
Зелен лиснат зеленчук
Зеленчукот како спанаќ може да ви користи дури и кога е малку овенат. Во овој случај можете да го додадете во супи, омлети или печива.
Целер
Ако целерот е малку омекнат, може дa биде одлична состојка за здрав сок.
Компири
Знаевте ли дека од лушпите на компирите можете да си направите чипс?
Ако, пак, имате овенати компири кои не се погодни за јадење, исечете ги и направете печати за вашето дете.
Спирова С. | Црнобело