Чести кулинарски грешки поради кои јадењето никогаш не ви излегува како што треба

Дали го миете оризот пред готвење? А, дали го запржувате со масло и зачини пред да го ставите да се вари или пече? Ако одговорот е „НЕ“, време е да го промените тоа.

chesti-kulinarski-greshki-poradi-koi-jadenjeto-nikogash-ne-vi-izleguva-kako-shto-treba-01.jpg

Дали секојпат внимателно ги следите рецептите, но неретко јадењето е премногу тегаво, не ги чувствувате зачините и, генерално, не е како што сте си замислувале?

Тогаш можеби правите некоја од следниве грешки:

Премногу го мешате тестото кога правите американски палачинки

За разлика од „обичните“ палачинки, во таканаречените американски палачинки се додава прашок за печиво. Овој прашок помага во создавањето меурчиња воздух во тестото поради што палачинките се помеки и повкусни.

Ако го матите тестото предолго, ќе го намалите бројот на меурчиња, па палачинките нема да ја добијат посакуваната текстура.

Покрај тоа, претераното матење го поттикнува ослободувањето глутен од состојките, а поради ова палачинките можат да бидат тегави.

chesti-kulinarski-greshki-poradi-koi-jadenjeto-nikogash-ne-vi-izleguva-kako-shto-treba-02.jpg

Ја посолувате храната од мало растојание

За рамномерно да ја посолите храната, држете го соларникот на поголемо растојание од чинијата.

На овој начин истото количество сол ќе падне на поголема површина од храната и нема да ја пресолите.

chesti-kulinarski-greshki-poradi-koi-jadenjeto-nikogash-ne-vi-izleguva-kako-shto-treba-03.jpg

Не го запржувате оризот пред да го сварите или испечете

Пред да додадете вода во оризот, без разлика дали за варење или печење, препорачливо е да го запржите за подобро да ги впие вкусовите од зачините.

Во тава ставете малку масло, па ставете го оризот со зачините и пржете додека да добие светла кафеава нијанса.

Потоа само ставете го во садот за готвење, додајте сол и испечете го или сварете го како вообичаено.

chesti-kulinarski-greshki-poradi-koi-jadenjeto-nikogash-ne-vi-izleguva-kako-shto-treba-04.jpg

Не ги загревате тавата и маслото пред пржење

Ако не почекате да се загрее маслото пред да почнете со пржење, храната ќе впие голем дел од маслото и не само што ќе биде помрсна, туку ќе има и полош вкус.

Препорачливо е прво да почекате минута-две да се загрее само тавата, па да го додадете маслото. Откако ќе се загрее и маслото, дури тогаш додајте ја храната.

chesti-kulinarski-greshki-poradi-koi-jadenjeto-nikogash-ne-vi-izleguva-kako-shto-treba-05.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg