Чести грешки во готвењето што целосно го менуваат вкусот на храната без да знаете

Дали имате навика да го варите зеленчукот предолго? А, дали воопшто го миете со студена вода откако ќе се свари?

chesti-greshki-vo-gotvenjeto-shto-celosno-go-menuvaat-vkusot-na-hranata-01.jpg

Можеби не е лесно да станете врвен готвач, но потребна е само малку пракса за да можете сами да правите вкусни оброци.

Но, дали готвите со години и сè уште ви се случува да направите јадење со лош вкус?

Тогаш можеби правите некоја од следниве грешки:

Го варите зеленчукот предолго

Со долгото варење, зеленчукот ќе изгуби голем дел од корисните хранливи состојки. Исто така, ќе му се промени и вкусот, а текстурата ќе биде премногу мека.

Повеќето зеленчуци не треба да ги варите повеќе од 10-тина минути, односно додека малку да омекнат.

Наместо варење, можете да пробате да ги направите и на пареа.

chesti-greshki-vo-gotvenjeto-shto-celosno-go-menuvaat-vkusot-na-hranata-02.jpg

Не додавате сол во тестото со квасец

Ако правите тесто со квасец за леб или какво било друго печиво, препорачливо е да додадете и малку сол.

Поради реакцијата што настанува помеѓу солта и квасецот, ако не додадете сол, тестото ќе нарасне многу побрзо, а поради ова нема да ги добиете посакуваните вкус и текстура.

chesti-greshki-vo-gotvenjeto-shto-celosno-go-menuvaat-vkusot-na-hranata-03.jpg

Не додавате сол во водата кога варите јајца

Нормално, солта во водата нема да има никакво влијание врз вкусот на јајцата, но треба да ја додадете од друга причина.

Во случај некое од јајцата да пукне додека не е целосно сварено, солта ќе го спречи истекувањето од лушпата.

chesti-greshki-vo-gotvenjeto-shto-celosno-go-menuvaat-vkusot-na-hranata-04.jpg

Не ги покиснувате компирите во вода

За крцкави печени компири, мора да ги накиснете во студена вода откако ќе ги излупите и исечете.

На овој начин ќе го отстраните вишокот скроб и компирите ќе имаат многу подобар вкус.

Компирите треба да отстојат во студена вода најмалку 30 минути, а уште подобро ако можете да ги оставите преку ноќ. Потоа само исплакнете ги и испечете ги.

chesti-greshki-vo-gotvenjeto-shto-celosno-go-menuvaat-vkusot-na-hranata-05.jpg

Уште четири грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg