Намирници кои ќе ве расонат како да сте испиле шолја кафе

Постојат денови кога едноставно шолјата кафе не е доволна за да престанеме да зеваме, па дополнително ни е потребно уште нешто што ќе ни помогне да се расониме.

namirnici-koi-kje-ve-rasonat-kako-da-ste-ispile-sholja-kafe-001.jpg

Тогаш посегнете по овие 6 намирници кои будат и расонуваат подобро од втора шолја кафе:

1. Овесна каша

Се чини дека овесната каша е совршена за појадок – делува како енергетска бомба, без да предизвика пад на шеќерот во текот на денот.

2. Вода

Чаша вода наутро би требало да биде првата работа по која ќе посегнете. Благата дехидрација може да ја забави работата на мозокот, а со тоа и да  го забави будењето.

3. Чиа семки

Чиа семето е богато со омега-3 масни киселини кои ја забрзуваат работата на мозокот и помагаат во борбата со заморот. Исто така, впиваат големи количини на вода, што го забрзува метаболизмот.

namirnici-koi-rasonuvaat-podobro-od-solja-kafe-01.jpg

4. Лиснат зелен зеленчук

Содржи големи количини витамин Б, кој помага телото полесно да ја претвори храната во енергија.

5. Нане

Мирисот на нане го поттикнува будењето и го намалува заморот. Тоа може да биде во облик на чај или ментол бонбона.

6. Јајца

Жолчката од јајцата содржи многу протеини кои се извор на енергија во текот на целиот ден.

namirnici-koi-kje-ve-rasonat-kako-da-ste-ispile-sholja-kafe-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg