Викторија Бекам 25 години јаде само еден ист оброк – дали тоа е тајната за виткото тело?
Иако секојдневно слушаме дека исхраната треба да е разновидна, Викторија Бекам очигледно не ги слуша овие совети.
Модната дизајнерка веќе 25 години ја јаде истата храна, а тоа не сакајќи го откри нејзиниот сопруг Дејвид.
„За жал, во брак сум со некој кој јаде иста храна секој ден. Тоа трае веќе 25 години. Откако ја запознав јаде само риба на жар и зеленчук на пареа. Ретко кога отстапува од тоа.“
Викторија го променила менито на исхрана само кога била бремена со четвртото дете, ќеркичката Харпер.
Освен тогаш, Викторија не практикува консумација на црвено месо, млечни производи, готвење во масло, ниту пак храна прелиена со сосови.
„За повеќето ресторани сум ноќна мора. Обожавам само малку варен зеленчук со балсамико и трошка зачини. Сакам храната да е подготвена едноставно,“ изјави во една прилика Викторија.
Добра навика или не?
Многу нутриционисти сметаат дека јадењето на иста храна секојдневно може да го поттикне слабеењето. Така имате подобра контрола на она што го внесувате во телото и точно си ја знаете потрбната количина.
На овој начин се избегнуваат нагли скокови на шеќер во крвта, што потоа носи до помал внес на калории, односно слабеење.
Сепак, можеби не е паметно тоа да се повторува цели 25 години и звучи малку загрижувачки... Што мислите вие?
М. Д. | Црнобело