Намален холестерол и уште 4 работи што ќе се случат ако јадете кромид скоро секој ден
Можеби кромидот предизвикува непријатен здив, но е одличен за оралното здравје и има моќ да ги уништи штетните бактерии во устата.
Има моќ да го подобри вкусот на скоро секое јадење, богат е со многу хранливи материи, а со редовно консумирање може значително да ви го подобри здравјето – кромидот навистина е храна што треба ја јадеме почесто.
Погледнете што ќе се случи ако почнете да јадете кромид скоро секој ден:
Посилни коски
Кромидот може да ја зголеми густината на коските, со тоа правејќи ги посилни.
Мало истражување во кое учествувале жени во менопауза покажало дека оние кои секојдневно пиеле 100 милилитри сок од кромид во период од осум недели имале поголема густина на коските за разлика од жените од контролната група.
Друго истражување во кое учествувале жени во менопауза и перименопауза покажало дека секојдневното јадење кромид може да ја зголеми густината на коските за 5%.
Експертите веруваат дека кромидот го зголемува нивото на антиоксиданти во телото, притоа зголемувајќи ја густината на коските и намалувајќи го ризикот од болести како остеопороза.
Намален холестерол и поздраво срце
Кромидот е богат со состојка позната како флавоноид, од која има многу здравствени придобивки.
Истражување покажало дека токму оваа состојка во кромидот помага во регулирањето на „лошиот“ холестерол кај луѓето со прекумерна тежина кои се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести.
Флавоноидот што го тестирале го има во изобилство во кромидот, но и други овошки и зеленчуци, и може да има позитивно влијание врз здравјето на срцето.
Подобрена дигестија
Кромидот содржи вид хранливи влакна кои не само што ја подобруваат дигестијата, туку и го поттикнуваат размножувањето на корисните бактерии во желудникот.
Истражување покажало дека овие хранливи влакна можат да бидат од корист и за луѓе со дијареја, па дури и да ја спречат нејзината појава.
Подобрено орално здравје
Можеби кромидот предизвикува непријатен здив, но има и антибактериски својства и ги уништува штетните бактерии во устата.
Имено, јадењето сиров кромид може и да ги зајакне забите.
Поквалитетен сон
Според истражувачите од Универзитетот во Колорадо, пребиотиците можат да го подобрат квалитетот на сонот, особено по стресен и напорен ден.
Пребиотиците се вид хранливи влакна кои се наоѓаат и во кромидот и наводно имаат позитивно влијание врз работата на мозокот.
Истражувачите нагласуваат дека потребни се повеќе истражувања за тоа дали пребиотиците можат да им помогнат на луѓето со сериозни проблеми со спиењето.
Спирова С. | Црнобело