Масло, шеќер и уште 5 продукти кои сепак не се со неограничен рок на траење

По некое време кафето ги губи вкусот и аромата, брашното апсорбира влага, а сувиот квасец е бескорисен ако стои отворен подолго од три месеци.

maslo-shekjer-i-ushte-5-produkti-koi-sepak-nemaat-neogranichen-rok-na-traenje-01.jpg

За некои продукти сме убедени дека траат долго, па не ни обрнуваме внимание на нивниот рок на траење. Но сите продукти, дури и зачините и кафето, си имаат одреден рок до кога можеме да ги користиме.

Па, кои се продуктите за коишто погрешно мислиме дека имаат практично неограничен рок на траење?

Кафе

Кафето нема да се расипе ако го чувате долго, но неговиот вкус дефинитивно ќе се промени. Дури и ако го чувате во вакумирана кеса или добро затворен сад, по месец-два вкусот ќе биде многу лош.

Ако, пак, долго време чувате кафе кое не е добро затворено, веројатно има апсорбирано влага и секакви мириси, па е практично неупотребливо.

maslo-shekjer-i-ushte-5-produkti-koi-sepak-nemaat-neogranichen-rok-na-traenje-02.jpg

Брашно

Слично како кафето, и брашното апсорбира влага ако не е добро затворено. Покрај тоа, кај брашното постои ризик да се појават инсекти, кои потоа можат да се разнесат и на другите продукти што стојат до него.

Ако често користите брашно, осигурете се дека ќе го чувате во добро затворен сад, на студено место.

Во спротивно, не купувајте големи количини, како цела вреќа, туку земајте само од најмалите пакувања.

maslo-shekjer-i-ushte-5-produkti-koi-sepak-nemaat-neogranichen-rok-na-traenje-03.jpg

Зачини

Сите сушени зачини, како босилек, оригано и пипер, со текот на времето го губат мирисот, а некогаш и здравствените својства. Препорачливо е да не користите зачин кој е отворен подолго од шест месеци.

maslo-shekjer-i-ushte-5-produkti-koi-sepak-nemaat-neogranichen-rok-na-traenje-04.jpg

Шеќер

Шеќерот може да ви трае и неколку години, но само ако го чувате соодветно – во добро затворен сад, на суво место и собна температура. 

Но сепак, препорачливо е да не купувате огромно количество шеќер наеднаш, бидејќи може да апсорбира влага и да му се промени вкусот.

maslo-shekjer-i-ushte-5-produkti-koi-sepak-nemaat-neogranichen-rok-na-traenje-05.jpg

Сув квасец

Ако искористите стар квасец нема да ви биде ништо, но тестото нема да нарасне. Дури и ако го чувате во фрижидер, отворениот квасец не трае повеќе од 3-4 месеци.

И, нормално, не заборавајте да го проверите рокот на траење пред да го употребите.

maslo-shekjer-i-ushte-5-produkti-koi-sepak-nemaat-neogranichen-rok-na-traenje-06.jpg

Масла

Ни маслото нема неограничен рок на траење. Пред да го отворите, може да трае и до три години, но штом ќе го отворите, мора да го употребите во рок од најмногу една година.

Маслиновото масло, пак, може да стане горчливо ако не го чувате соодветно.

maslo-shekjer-i-ushte-5-produkti-koi-sepak-nemaat-neogranichen-rok-na-traenje-07.jpg

Отворени сосови и преливи

Сосовите и преливите имаат долг рок на траење, но само ако воопшто не ги отворате. Во овој случај бидете особено внимателни и не консумирајте сосови и преливи отворени пред месец-два, бидејќи може да добиете и труење од храна.

maslo-shekjer-i-ushte-5-produkti-koi-sepak-nemaat-neogranichen-rok-na-traenje-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg