Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од златните раце на Данче: Македонка прави ремек-дела на чинија

Данче Томашевиќ е позната на Инстаграм по шарените декорации за сите возрасти, но и по големиот број рецепти што ги споделува со своите следбеници. Погледнете некои од нејзините ремек-дела.

sekoe-dete-bi-posakalo-vakov-obrok-danche-tomashevikj-pravi-remek-dela-na-chinija-01.jpg

Мајките на мали деца знаат дека кога станува збор за оброците на детето не е важна само храната, туку е важна и нејзината презентација. Оброците презентрирани во вид на магични сцени од цртаните филмови или од бајките, се нешто на што малите деца не можат да одолеат.

Данче Томашевиќ по потекло е од Гевгелија, а е омажена во Нови Сад и е мајка на три деца, односно на Марко и на близнаците Иван и Милан.

По струка е дипломиран менаџер за бизнис и логистика, но таа обожава да дизајнира накит, да готви и да декорира торти и колачи, но и да создава нови рецепти. Таа на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии од вкусните оброци што ги подготвува за нејзините деца.

Прочитајте и Гевгеличанка во Нови Сад: Данче создава вистинска уметност од детските оброци

Сепак, иако идејата почнала како декорации за детски чинии, денес нејзиниот Инстаграм профил изобилува со декорации за сите возрасти и за сите генерации. До некои од нив споделува дел од своите рецепти.

Во продолжение погледнете некои од нејзините ремек-дела:

Уште фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Баклава, Дубаи торта: Вкусни десерти со ф'стак низ локалите во Скопје Ммм, има ли нешто поубаво од вкусот на ф'стак? Ако и вие сте вљубеник во него, т...
Најчестите гревови за време на велигденскиот пост, кои луѓето ги прават несвесно Се фокусираат само на избегнување храна од животинско потекло, а во душата имаат...
3 начини за црвени велигденски јајца со природни бои (од намирници во вашата кујна) Со само неколку состојки кои речиси секогаш ги имаме во домот можете да направит...
8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење Пиењето многу вода може да го разреди натриумот во крвта, додека јадењето само п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg