Гевгеличанка во Нови Сад: Данче создава вистинска уметност од детските оброци
Данче Томашевиќ е една од креативните мајки кои со задоволство ги следиме на социјалните мрежи. По потекло е од Гевгелија, но мажена и живее во Нови Сад.
Мајка е на три слатки синчиња – Марко кој има 3 години и близнаците Иван и Милан кои наскоро ќе полнат две годинки.
Со оглед на тоа што оваа година сите поминуваме многу повеќе време дома и со децата, Данче доаѓа до идеја и своевиден начин на забава и анимација на дечињата – изработува креативни оброци.
За време на карантинот од коронавирусот, 40-те дена дома ја активираат нејзината креативност и почнува да создава вистинска уметност во чинијата.
„Моите дечиња јадат скоро сè, на овој начин побрзо се осмелуваат да пробуваат храна и вкусови кои не ги пробале претходно или знаеле да ја одбиваат“.
Таа вели дека за самата изработка на секој оброк не треба повеќе од 15-20 минути, но повеќе време губи во смислување на креацијата затоа што сака секое чинивче да биде оригинално и поинакво.
Нејзините вистински мали уметнички дела и активности може да ги следите на нејзиниот Инстаграм профил, а ние одбравме 5 наши омилени креации.
1. Сложувалка од медењаци која од срце ќе ги израдува вашите најмали
2. Пита со зеленчук во форма на снежни планини
3. Ќофте во форма на пајак комбинирано со зеленчук
4. Кученце со тавче гравче
5. Неодолива зебра во природа
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело