Видови леб од државите низ светот што вреди да ги пробате барем еднаш

Фокача

Потекло: Италија

Денес постојат бројни варијации на Фокача и лепчето може да се прави со зачини, зеленчук, сирење и кашкавал или без додатоци. Иако во тестото се додава квасец, лебот е тенок, а една од најважните состојки е маслиновото масло.

vidovi-leb-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-08.JPG

Лаваш

Потекло: Ерменија

Овој леб кој наликува на палачинка е најпопуларен во Ерменија, но и Турција, Иран и Азербејџан. Обично лебот се пече во фурна и може да се комбинира и со слатки, и со солени јадења.

vidovi-leb-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-09.JPG

Наан

Потекло: Индија

Можеби најубавиот индиски леб е таканаречениот наан. Лепчето има впечатлив вкус бидејќи во тестото се додава и јогурт. Неретко, лепчињата се премачкуваат со путер и лук – нешто што им дава навистина посебен шмек.

vidovi-leb-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-10.JPG

Паи бао

Потекло: Хонгконг

Паи бао е сладок леб, најпопуларен во Хонгконг. Тестото се прави со млеко, а поради начинот на приготвување, лебот останува свеж многу подолго.

vidovi-leb-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-11.JPG

’Ржан леб

Потекло: Скандинавија

Секоја скандинавска држава си има своја верзија на ’ржан леб, но наводно, ширум светот најпопуларен е данскиот рецепт. Овој леб има многу темна боја и сочна текстура и често се додаваат разни семиња, како сончоглед.

vidovi-leb-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-12.JPG

Леб со кисело тесто

Овој леб може да се смета за традиционален насекаде, бидејќи се прави во сите држави. Името „кисело“ не значи дека лебот е кисел, туку потекнува од фактот што наместо квасец, се користат состојки како јогурт.

Вашата баба сигурно ви има направено вакво лепче барем еднаш.

vidovi-leb-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-13.JPGФото: Инстаграм Теа Трпковска

Тортилја

Потекло: Мексико

Тортилјите, кои традиционално се прават од пченкарно брашно, потекнуваат од Мексико, но денес се консумираат насекаде. Всушност, речиси и да нема личност која не пробала и која не сака тортилји.

Како што напоменавме, традиционално се прават со пченкарно брашно, но денес можете да најдете тортилји од секакво брашно.

vidovi-leb-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-14.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg