Видови леб од државите низ светот што вреди да ги пробате барем еднаш
Лебот е неизоставен дел од скоро секое јадење, па не е ни чудно што секоја култура си има свој рецепт.
Фото: Инстаграм
Кај нас најпопуларен е „обичниот“ леб кој се прави со брашно, вода и квасец. Многумина го сакаат и лебот со таканаречено кисело тесто, направен според рецептот на нашите баби.
Во продолжение погледнете неколку лебови од целиот свет што вреди да ги пробате барем еднаш:
Ѓеврек
Потекло: Полска
Иако можеби ние јадеме ѓевреци со децении, а во модерно време ги прославија американските филмови и серии, се верува дека тие потекнуваат од Полска.
Овие лепчиња се прават со тесто со квасец кое се вари, а потоа се пече. Најчесто се декорира со сусам или семе од афион.
Багет
Потекло: Франција
Можеби најдоброто печиво од Франција се багетите. Ова е леб со крцкава кора и мека внатрешност со многу дупчиња.
Бриош
Потекло: Франција
Францускиот бриош е направен од тесто со млеко и јајца, поради што има жолтеникава нијанса. Овој леб има мазна, златна кора, мека внатрешност и препознатлив е по суптилниот сладок вкус.
Чијабата
Потекло: Италија
Знаевте ли дека овој леб бил измислен дури во 1982 година? Наводно, неговото име може да се преведе како „влечка“, а се однесува на формата на лепчето. Чијабата лебот има сличен вкус како багетот, но разликата е што во него се додава и маслиново масло.
Хала
Потекло: еврејско
Хала е еврејски празничен леб кој евреите го приготвуваат за нивните најголеми верски празници. Овој леб има препознатлива форма на плетенка, а се прави од тесто со јајца.
Доса
Потекло: Индија
Овој леб повеќе наликува на палачинка и е мошне популарен во Индија. Постојат многу видови доса леб, но генерално се прави со брашно од ориз или леќа, а некогаш и комбинација од двете.
Најпрво оризот и леќата се киснат во вода во посебни садови, а потоа се мелат и од нив се прави паста, односно тестото за лебот. Лепчињата се печат како палачинки, на тава.