17 совети за готвење што треба да ги знаат сите готвачи аматери
Готвењето е активност во која уживаат многумина, но дури и оние кои готват скоро секојдневно, забораваат на некои важни работи.
Додека готвите, мора да размислите за многу работи, а не само за состојките што ќе ги ставите во вашето јадење. На пример, некогаш е многу поважно кога ќе ставите некоја состојка, од тоа колку ќе ставите.
Ако готвењето ви годи и сакате да минувате време во кујна, тогаш не смеете да ги заборавите овие совети од професионални готвачи:
1. Мирисот е многу сличен со вкусот. Па, кога не сте сигурни која комбинација зачини да ја направите, отворете ги шишенцата и помирисајте ги наеднаш.
2. Секојпат кога готвите не заборавајте дека секогаш можете да додадете, но не и да одземете.
3. Ова не е совет за готвење, туку правило во кујна кое мора да го почитувате – никако не се обидувајте да го фатите ножот кој паѓа.
4. Средувајте додека готвите. Завршивте со даската за сечење? Тогаш измијте ја пред да продолжите со готвење. Чистата кујна значително ќе ви го олесни готвењето.
5. Повисока температура на шпоретот, не значи дека храната ќе се зготви побрзо. Ако сè готвите на највисока температура, само ќе го изгорите јадењето.
6. Секогаш пробувате ја храната додека готвите.
7. Врзете си ја косата! Не ризикувајте да ви падне влакно во храната додека готвите.
8. За да не ви солзат очите кога сечете кромид, пресечете го на половина и оставете го да постои во студена вода.