Храна која природно го зголемува либидото до моќен оргазам
Нутриционистите тврдат дека одредени видови на храна може да ги вжештат активностите во спалната соба.
Кога помислуваме на храна која делува како афродизијак речиси кај сите првото што ни паѓа на памет е морската храна. Истражувањата спроведени од научници и експерти за сексуално здравје укажуваат на тоа дека кога станува збор за либидото, акцентот е повеќе на она што е во нашата глава отколку во стомакот.
Додека среќните невротрансмитери се клучни за добро ментално здравје, не ни треба многу време да сфатиме дека она што го јадеме има огромно влијание врз нашата самодоверба, длабокиот сон и енергијата.
Иако никој не сака да признае дека минува низ период на „суша“ или пак дека се соочува со намалена сексуална желба, овие случаи воопшто не се ретки. Истражувањата сугерираат дека 40% од жените почнуваат да чувствуваат пад на либидото пред менопаузата, во приближно исто време кога јајниците го забавуваат производството на клучниот сексуален хормон – тестостерон и естроген.
Другите фактори, како што се физичките или менталните болести, вежбањето и нивото на стрес, исто така имаат огромно влијание врз сексуалната желба и потенција. Сепак, како што откриле некои истражувачи, одредена храна може да има големо влијание врз расположението за секс, па дури и да го зголеми уживањето во самиот чин.
Имајќи го ова предвид, ова се 5 намирници богати со хранливи состојки кои треба редовно да ги консумирате за да ви помогнат да останете расположени и да ги зачините работите во спалната соба:
Овошја и зеленчуци со виолетова и црвена боја
Докажано е дека хранливите материи од лубеницата и цвеклото имаат значително влијание врз сексуалната возбуда. Лубениците содржат ликопен, бетакаротен и цитрулин, а сите имаат ефект сличен на вијагра врз крвните садови во телото. Цитрулинот се претвора во аминокиселина која ја подобрува работата на срцето и циркулацијата над и под половината.
Зеленчук во темнозелена боја
Кељот, блитвата, брокулата и грашокот се полни со железо. Бидејќи недостаток на железо доведува до чувство на исцрпеност, јасно е дека овој суплемент е клучен кога станува збор за одржување на „среќни“ невротрансмитери, а тоа е нешто што е од витално значење за нашето здравје.
Морска храна
Заедно со суштинските хранливи материи, рибите, школките, алгите и остригите содржат јод кој е важна состојка за работата на тироидната жлезда. Тој, заедно со селенот, е клучен фактор во производството на тироидниот хормон Т4.
Кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони, тоа може да доведе до екстремен замор, губење на меморијата и нарушување на сексуалната функција.
Храна богата со алицин
Лукот, црвениот кромид, празот и пиперчињата се познати по биоактивно соединение кое помага при болести на срцето и крвните садови, кои влијаат на артериите кои пак го подобруваат протокот на крв во карлицата.
Нарушениот проток на крв може да ја намали можноста за возбуда и оргазам и кај мажите и кај жените.
Семки од тиква
Богати се со цинк, а хранливите материи што ги содржат се клучни за здравјето и кај мажите и кај жените – особено кога станува збор за тестисите, тестостеронот и еректилната дисфункција.
(О)Милена | Црнобело