Топло препорачуваме: 5 локали во Скопје со здрава храна „за носење“
Ручекот „за носење“ може да биде здрав. Кога сте во брзање, немате време или едноставно немате желба за готвење, не мора да се задоволувате со нездрави алтернативи на појадок, ручек или вечера.
Во време на пандемија, исто така многумина избегнуваат седнување во ресторани, но тоа не значи дека не треба да ги поддржиме угостителите нарачувајќи оброк „за носење“.
Ова се наши 5 локали кои нудат здраво приготвена храна која може да си ја понесете и да уживате во неа дома или во природа.
Топло ги препорачуваме:
Edamame Bistro – место за здрави супи, салати или откривање на вкусот на виетнамското Фо.
Vega Fresh Bar – здрави салати, оброци, па дури и десерти на кои нема да им одолеете.
Markt – здрава и органска храна за сите кои се грижат какви состојки внесуваат.
Dren – место каде дури и бургерот е сосема здрав оброк со кој нема да ја прекршите диетата.
https://www.instagram.com/p/CJ8pVyLr_Hm/
Љубовна куќичка – сите оброци кои делуваат превкусно, а ве мрзи да ги приготвите дома – ќе ги најдете овде.
Со задоволство го очекуваме вашето надополнување на оваа листа...
М. Д. | Црнобело