6 моќни намирници кои треба да ги консумирате почесто кога воздухот е загаден
Во текот на зимскиот период, има денови кога воздухот е позагаден, па може барем да се обидете да ги намалите штетните влијанија со консумирање на храна која ги штити дишните патишта, делува како антиоксиданс и противвоспалително.
Ова е листата на намирници кои би требало да ги консумирате во тој период:
Маслиново масло
Маслиновото масло содржи витамин Е кој добро делува на работата на белите дробови. Масните киселини од ова масло се исто така корисни за ублажување на воспалителни процеси.
Најдобро е да го додавате во салатите, но не да готвите со него, бидејќи високите температури го менуваат неговиот хемиски состав.
Ленено семе
Лененото семе е богато со омега-3 масни киселини и антиоксиданси. Може да го додадете во смути, салати и други јадења.
Авокадо
Витаминот Е се смета дека помага при чистење на белите дробови, па консумирањето на намирници како авокадо и спанаќ, може да ги намали негативните ефекти од одредени честички во воздухот.
Брокула
Брокулата содржи антиканцерогено соединение кое потпомага во исфрлањето на токсините, насобрани поради загадениот воздух.
Домати
Ликопенот, кој го има во големи количини во доматите, е антиоксиданс кој штити од респираторни болести.
Бело вино
Виното се прави од грозје, кое е богато со антиоксиданси. Има позитивна врска помеѓу умереното консумирање на вино и здравјето на срцето и дишните патишта.
М. Д. | Црнобело