Како паметно да ги искористите остатоците од храната?

Празниците се период кога се готви и купува повеќе од потребното, па ако и вие сте склони на залихи храна кои потоа остануваат, овие идеи ќе ви бидат од помош.

kako-pametno-da-gi-iskoristite-ostatocite-od-hranata-001.jpg

Што да направите од останатото пире, од преостанатото печено месо или сувиот леб?

Ако ви остане пире од компири, не го фрлајте. Додавајте брашно постепено, додека не замесите тесто. Истенчете го добиеното тесто со сукало и исечете линии како јуфки. Сварете ги и додадете сос по желба.

kako-pametno-da-gi-iskoristite-ostatocite-od-hranata-01.jpg

Ако ви остане пилешко месо, може да направите полнети тортиљи или лиснати со зеленчук, кашкавал и сосови. Или, може да го измешате со малку зеленчук и да добиете протеинска салата.

kako-pametno-da-gi-iskoristite-ostatocite-od-hranata-02.jpg

Ако ви остане друг тип на месо, исечкајте го ситно и потопете го во соја сос. Сварете нудли, исечкајте зеленчук и добивате ориентален вкус.

Од вишокот сварени макарони или тестенини, може да направите потпечени тестенини со рендан кашкавал, прелиени со матено јајце.

kako-pametno-da-gi-iskoristite-ostatocite-od-hranata-03.jpg

Остатоците од варениот зеленчук може да ги изблендирате и да сварите прекрасна крем супа.

Стариот леб може да го потпечете со додатоци по желба – доматно пире, кашкавал, печурки и салама и да добиете домашна пица. Или, може да го исушите исечкан на коцки и да добиете домашни кубети за во салати.

kako-pametno-da-gi-iskoristite-ostatocite-od-hranata-05.jpg

Презреаното овошје секогаш може да го исчистите и да го изблендирате, да му додадете малку мед или цимет и да го користите како додаток во овесната каша за појадок.

М. Д. | Црнобело / фото-извор: uspesnazena.com

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg