Чипс + Нутела: Необични комбинации на храна за кои луѓето тврдат дека се вкусни - Дали би ги пробале?
Урми со сланина, шпагети болоњезе со пире од јаболка, краставици со мед - некои луѓе навистина уживаат во најнеобичните комбинации на храна.
Постојат безброј можни комбинации со храна, но обично избегнуваме да мешаме слатки и солени состојки. Се разбира, има многу превкусни специјалитети кои се комбинација од слатко и солено, но некои продукти не ни помислуваме да ги комбинираме, бидејќи сметаме дека ќе имаат ужасен вкус.
Сепак, некои луѓе имаат храброст да ги пробаат и најчудните комбинации, а некогаш тврдат дека се навистина вкусни.
Погледнете неколку вакви необични комбинации кои наводно имаат одличен вкус:
„Белгиски сендвич со праски и туна. Во конзерва туна додавате мајонез и мешате. Потоа, на праски од конзерва ставате од смесата, и на крај додајте малку зачини. Звучи чудно, но има добар вкус“.
„Мајка ми полнеше сливи со исечкани ореви и лук, а ги украсуваше со шлаг и шеќер“.
„Во Шпанија приготвуваат урми со сланина – урмите се завиткуваат со парче сланина и се пржат“.
„Мислев дека се шегуваат со мене кога првпат ми понудија парчиња краставица потопени во мед. Излезе дека овој специјалитет е многу вкусен“.
„Еднаш пробав чипс и Нутела и навистина ми се допадна“.
„Имам пријател кој е професионален готвач и еднаш направи сладолед од лук. Имаше сладок вкус, но се чувствуваше и аромата од лукот. Вистински деликатес“.
„За мене најубавиот сендвич е направен со бел леб, путер и кашкавал, прелиен со кондензирано млеко“.
„Многу сакам двопек со путер, мармалад и чедар“.
„Еден пријател од Тајван ми направи печени домати со јајца и малку шеќер. Сфатив дека доматите имаат одличен вкус кога ги комбинирате со шеќер“.
„Во областа во Италија каде што живеам има традиционално јадење кое е најчудната комбинација на вкусови. Станува збор за равиоли полнети со бисквит колачиња, жолчка, кора од лимон, нане, суво грозје и сенф. Ова е главно јадење, а не десерт“.
„Шпагети со болоњезе сос и пире од јаболка како прилог. Не можам да опишам колку е добра комбинацијата од меленото месо и слаткото пире“.
„Еднаш ѝ кажав на една пријателка дека сакам да јадам лубеница со леб, а таа ми рече дека најмногу ја сака лубеницата со ќофтиња“.
„Ставете парче сирење, на пример бри, врз двопек и изедете го со лубеница. Потоа напијте се шолја чај. Превкусно!“
Спирова С. | Црнобело