3 намирници кои ве штитат од настинки – Како да ги споите во еден појадок?

Лекот против настинките не секогаш мора да има лош вкус. Напротив, овие 3 состојки ќе ви создадат совршен појадок секој ден и ќе ве заштитат од растечениот нос и омалаксаноста.

3-sostojki-koi-ve-shtitat-od-nastinki-kako-da-gi-spoite-vo-eden-pojadok-2.jpg

Не се работи за лимон, ѓумбир и слични здрави, кои за многумина важат за не толку вкусни комбинации, туку за 3 кои веќе сигурно ги имате дома:

Овесни снегулки

За зајакнување на одбраната на организмот е важен цинкот, а овесните снегулки се богати со него. Во 100 грама овесни снегулки има 4,5 грама цинк.

Темно чоколадо

Ова е вест која дефинитивно ќе ве израдува – едно британско истражување открило дека темното чоколадо помага при олеснувањето на кашлицата. Колку е чоколадото потемно – толку подобро.

Портокали

При настинка треба да внесувате дупло повеќе витамин Ц од вообичаено, бидејќи така го зајакнувате имунитетот. А, овој витамин најмногу го има во цитрусните овошја.

Како да ги споите овие 3 состојки во вкусен секојдневен појадок кој во есента ќе ве заштити од настинките и намалениот имунитет?

Потребно ви е:

  • 200ml млеко
  • 50g меки овесни снегулки
  • 15g темно чоколадо со над 70% какао
  • Половина портокал

Подготовка:

  • Загрејте го млекото, додадете ги овесните снегулки и мешајте додека не ја добиете посакуваната густина.
  • Во меѓувреме, исечкајте го ситно црното чоколадо, а портокалот може или да го исцедите па да го додадете како сок, или да го исечете на коцки и да го ставите во кашата.

3-sostojki-koi-ve-shtitat-od-nastinki-kako-da-gi-spoite-vo-eden-pojadok-001.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Што претставува лунарната диета и кога да ја држите во 2024-та? Лунарната диета претставува постење во зависност од месечевите фази. Односно ког...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg