Како до успешна диета, без јојо ефект?
Колку пати ви се случило само неколку денови откако ќе ја завршите диетата, да ги вратите килограмите?
Ова е таканаречениот јојо ефект, кој се појавува откако ќе се вратите на стариот начин на исхрана. Токму поради ова, повеќето диети се неефикасни и можат да ви бидат од помош само додека ги држите.
Сепак, постои начин да ги држите килограмите настрана и откако ќе завршите со диетата, а за тоа ќе треба да следите неколку правила или совети:
Немојте да го прескокнувате појадокот
Во текот на денот ќе ви биде потребна енергија која можете да ја добиете од појадокот. Истовремено, ако наутро не јадете ништо, поголема е веројатноста за ручек да изедете пообилен оброк.
Џвакајте ја храната бавно
Немојте да брзате додека јадете и добро изџвакајте го секој залак. За да јадете побавно, пак, следете едноставно правило – земете три залаци, па спуштете ја лажицата или виљушката.
Правете мали паузи во вежбањето
Немојте да мислите дека ако вежбате цел час без престан, ќе видите подобри резултати. Во вежбањето исто важно е и времето за одмор. Затоа, помеѓу секој сет правете 30-тина секунди пауза.
Избегнувајте ужини доцна во ноќта
Најдобро е да не јадете барем 3 часа пред да си легнете.
Вежбајте со тегови
Вежбањето со тегови ги зајакнува мускулите и може да го забрза метаболизмот.