Зошто треба да каснете коцка црно чоколадо пред јадење и уште 5 факти за храната
Колку вистински факти и информации знаеме за храната која секојдневно ја консумираме?
Понекогаш со најобичните намирници се врзани едни од најинтересните факти. Во продолжение, се неколку такви:
1. Можеби звучи лудо, но луѓето кои каснале банана, на комарците им се посебно привлечни. Зошто? Уште никој нема откриено.
2. Бојата на храната може да ги направи децата полни со енергија, односно ако консумираат црвени или жолти намирници, автоматски нивото на енергија им се качува.
3. Медот е вечен и не може да се расипе. Така, најстарата тегличка мед е пронајдена во 1922-ра година во египетска гробница на фараон. Научниците откриле дека медот бил добар за консумирање.
4. Камемберот треба да го јадете што поблиску до рокот кога траењето му истекува, но никогаш после него.
5. Ако каснете коцка црно чоколадо пред оброкот, ќе се подигне нивото на глукоза во крвта. Односно, дури и ако сте прегладнети, тоа ќе ве спречи да се прејадете. Ќе бидете сити, но не прејадени.
6. Храната секогаш има подобар вкус навечер. Било која храна. Секогаш.
М. Д. | Црнобело