5 грешки кои ги правиме кога нарачуваме вино

Нема ништо поубаво од чаша вино комбинирана со вкусна храна. Неодоливо задоволство за сите сетила.

5-greski-koi-gi-pravime-koga-naracuvame-vino-01.jpg

Кои се грешките кои најчесто ги правиме кога одлучуваме какво вино да пиеме во ресторан/кафана?

1. Нарачувате прво вино, а потоа храна.

Во рестораните најчесто келнерите доаѓаат да порачате прво пијалак, па потоа храна. Но, би требало да е обратно. Прво се одбира храната, па потоа соодветното вино.

2. Сепак, не дозволувајте да се залажете.

Рибата и морските плодови не мора да се комбинираат само со бело вино.

Вистинa е дека со светло месо, риба и бели сосови оди бело вино, но и некои од црвените вина со пониско ниво на танин исто така може да се комбинираат со некои типови риба – пример скуша и лосос.

5-greski-koi-gi-pravime-koga-naracuvame-vino02.jpg

3. Често го „преоптеретувате“ непцето.

Ако пиете вино со висок процент на алкохол и танини, тоа е како да го „силувате“ вашето непце. Овие вина се одлични, но имаат тенденција да бидат доста јаки и да влијаат на уживањето во оброкот.

Затоа треба да се пијат во помала количина.

4. Нарачувате исто шише/чаша вино два пати.

Нарачавте еден тип вино за предјадењето и ви се допадна. Ова не значи дека ќе биде добро и со главното јадење. Испробајте нешто ново. Побарајте препорака од келнерот.

5-greski-koi-gi-pravime-koga-naracuvame-vino01.jpeg

5. Не дозволувајте да ве разубедат.

Ако веќе сте објасниле на келнерот или сомелиерот дека не сакате црвено вино, а тој и понатаму инсистира да пробате – не му дозволувајте да „победи“. Вие сте тие кои треба да уживате во оброкот.

Прочитајте и какво вино со каква храна е најдобро да се комбинира. 

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg