Намирници кои се здрави и супер за кога „ви се грицка нешто'“
Летото ни е речиси „пред врата“, а килограмите си стојат или се таложат. Доколку не успевате да вежбате во деновите поминати воглавно дома, можете да внимавате малку повеќе на храната за да ја одржите линијата.
Овие намирници се здрава замена за кога ви се грицка нешто пред телевизор или на пауза од работа.
Тие се богати со витамин Ц, влакна и антиоксиданси, па се вистински избор доколку сакате да бидете негувани во секоја смисла на зборот.
Што можете да грицкате, а сепак да ја одржувате линијата?
Бадеми
Богати се со влакна и го забрзуваат организмот, а притоа го чистат од токсини. Витаминот Е и фенолите помагаат за поздрав изглед на кожата.
Се препорачува да не јадете повеќе од 5-6 на ден бидејќи тие се многу калорични. Јадете ги непечени.
Ананас
Манган, витамин Ц и фолна киселина – освен што е богат со состојки кои се здрави за нашата кожа и коса, помага и во проблемите со дигестија.
Киви
Богати со витамин Ц кој помага во создавањето на колаген кој ја прави нашата кожа еластична.
Боровинки
Супер храна богата со антиоксиданти, бета каротен, витамин Ц и Е. Пожелно е да бидат дел од вашето секојдневно мени.
Суви сливи
Богати се со полифенол, бета каротен и витамин Е – тие се на врвот на листата на намирници богати со антиоксиданти. Пожелно е да јадете 3-4 на ден како вечерен меѓуоброк.
Е. П. | Црнобело