Здрава храна што треба да ја јадете умерено
Само затоа што некоја храна се смета за здрава, не значи дека можете да ја јадете неограничено.
Умереноста е важна во сè, па дури и за работите кои се сметаат за здрави и корисни.
Кога станува збор за исхраната, важно е таа да биде разновидна – почесто јадете здрави намирници и, нормално, одвреме-навреме можете да си дозволите и по некој хамбургер.
Во продолжение, пак, погледнете со која здрава храна не би требало да претерате:
Моркови
Морковите се богати со бета-каротен, состојка што телото ја претвора во витамин А.
Доколку внесете премногу бета-каротен во организмот, може да дојде до каротенемија, односно состојба што ѝ дава жолтеникава боја на кожата.
Оваа состојба е безопасна, и кога ќе го намалите внесот на моркови и друга храна богата со бета-каротен, ќе се повлече самата.
Комбуха
Комбухата стана вистински хит последниве неколку години, но треба да бидете внимателни и со неа. Поради ферментацијата, во комбухата се создава состојка која во големи количини може да предизвика подуеност и проблеми со дигестивниот систем.
Вода
Знаевте ли дека можете да претерате и со пиење вода? Ако во текот на денот испиете поголемо количество вода, организмот не може да ја отстрани доволно брзо. Поради ова, во крвотокот има повеќе вода од потребното, па се нарушува рамнотежата помеѓу вода и натриум во крвта.
Во поретки и поекстремни случаи, водата може да се акумулира и во мозокот, што резултира со негово отекување.
И двата случаи се реткост, но добро би било да не претерате ни со водата.
Авокадо
Авокадото е полно со здрави масти, но сепак и тоа се масти. Тоа има и многу калории – околу 240, а ако јадете премногу, може да настане и затнување на артериите.
Се препорачува дневно да не јадете повеќе од едно авокадо