Како да јадете сè што сакате, без да се здебелите?
Јадете само кога сте гладни и престанете со јадење штом ќе почувствувате дека сте сити - што друго ќе ви помогне да ја одржите оптималната тежина, без да се откажувате од омилената храна?
Иако звучи премногу добро за да биде вистина, сепак постои начин да јадете што и да посакате, без да се здебелите.
Во основа, со промена на вашиот начин на размислување за храната, веќе ќе можете да јадете сè што сакате.
Па, како да јадете што сакате, без да се здебелите?
Престанете со диети
Научно е потврдено дека брзите диети немаат ефект, затоа што не се одржливи на долг рок и затоа што лишувањето од храната во која уживаме прави да се чувствуваме мизерно.
Покрај тоа, кога држите строга диета, многу поверојатно е да ја прекршите и да се прејадете. Затоа фокусирајте се на тоа да внесувате повеќе здрави намирници, отколку целосно да се откажувате од омилената храна.
Јадете само кога сте гладни
За да можете да јадете сè што сакате без да се здебелите, слушајте го своето тело и јадете кога сте гладни, а не кога ви е здодевно.
Истовремено, не дозволувајте си да прегладнете - тогаш само ќе се прејадете на следниот оброк.
Јадете побавно
Можете да го поделите вашиот оброк на два дела: прво изедете го едниот дел, а по 20 минути видете дали ви е потребен вториот дел или не.
Престанете да јадете кога сте сити
Кога ќе почнете да јадете само кога сте гладни, и тоа побавно, обрнете внимание кога сте „полни“ и кога треба да престанете.
Ако сакате да јадете сè што сакате без да се здебелите, сепак ќе треба да знаете колку ви е доволно.
Не јадете од емотивни причини
Храната нè прави среќни, но тоа не значи дека треба да ни биде единствениот извор на удобност.
Ако јадете повеќе отколку што треба, направете нешто што ве прави среќни и нема да имате проблем.
Почитувајте го вашето тело
Не се вознемирувајте затоа што толку многу ја сакате пицата. Почитувајте го вашето тело додека го менувате вашиот став кон храната и ќе можете да јадете сè што сакате, дури и пица.
Учете од храната што ја јадете
Откако ќе почнете да го чувствувате вистинскиот вкус на храната и ќе знаете како се чувствува вашето тело кога јадете, ќе забележите дека некои намирници прават да се чувствувате подобро од другите.
Ашера | Црнобело