Бисквит со оси, пржени пајаци - Бизарни специјалитети што постојат во светот

Можеби во моментот размислувате каде да одите на патување или сте од оние среќници кои веќе се наоѓаат во авион, автомобил или воз некаде низ светот, подготвени да се препуштат на нови патешествија. 

razmislete-pred-da-probate-bizarni-specijaliteti-shto-postojat-vo-svetot-001.jpg

Колку и да уживате во разгледување на архитектура, запознавање на луѓе, искусување на нови нешта, сигурно во вас постои „глад“ за запознавање на локални кујни.

Колку и да не сте љубител на експериментирање со вкусови, сепак ќе препознаете љубопитност, која нема да ве остави рамнодушни сè додека не испробате нешто ново.

За сите оние со „силен стомак“, следува листа на чудни јадења што постојат во светот. Па ако случајно имате прилика и ви се даде таква можност, размислете добро, па тогаш пробувајте.

Ако земеме предвид во колку места се јадат нозе на кокошки, на крај воопшто нема да звучи чудно. Каде и да одите во Источна Азија, Карибите, Јужна Америка или Јужна Африка ќе налетате на оваа храна.

Оние коишто ја пробале велат дека е вкусна ако доволно се зачинат нозете, но по одредено јадење коските почнуваат да нервираат.

razmislite-pred-da-probate-najcudni-hrani-shto-postojat-vo-svetot_5.jpg

Ако отидете во Шкотска, сигурно некој ќе ви посочи да пробате haggis. Станува збор за комбинација од срце, црн дроб и бели дробови од овца, сето тоа измелено и измешано со кромид, овесна каша, сол и различни зачини.

razmislite pred da probate najcudni hrani shto postojat vo svetot 3

Некогаш се сметало за зимска храна, а сега за деликатес. Ако налетате на khash, немојте да се изненадите кога ќе видите во огромен лонец глава на крава и нозе. Можеби е и вкусно, ако мижите и немате претстава што пробувате.

razmislite pred da probate najcudni hrani shto postojat vo svetot 6

Хм, очно јаболко на туна, како ви звучи? Многумина ќе кажат дека е одвратно, но очното јаболко на туна има вкус како на лигњи и октопод. Можеби и вреди да се проба некогаш. Или сепак не?

razmislite pred da probate najcudni hrani shto postojat vo svetot 4

Во Јапонија ќе налетате на сè и сешто, па дури и на бисквит со оси. Ова е барем лесно да го замислите, наместо чоколадо во колаче, вие ќе најдете еден куп оси. Само да се надеваме дека нема да добиете некој убод додека јадете.

razmislite pred da probate najcudni hrani shto postojat vo svetot 2

Сигурно сте слушнале за пржени пајаци. Ова ќе сретнете во Камбоџа. Прво ги маринираат, а после ги пржат со лук. Звучи како добар придружник додека гледате филм со вашиот партнер. Или не?

razmislite pred da probate najcudni hrani shto postojat vo svetot 1

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg