Јапонско јаболко - есенско овошје против мамурлак, радијација и рак

Започнува сезоната на јапонските јаболка, кои во голема мера успеваат на нашето поднебје. Ова овошје оригинално потекнува од Кина, но го добило името „јапонско“ поради неговата голема популарност во Јапонија...

japonsko-jabolko-esensko-ovoshje-protiv-mamurlak-radijacija-i-rak-01.jpg

Луѓето или го обожаваат или го мразат, што најчесто е резултат на рана консумација - присуството на танин дава чувство на „собирање на устата“.

Овој ефект се губи доколку јаболкото се остави да отстои уште неколку дена, со што се претвора во неверојатно слатко овошје. Исто така, постои сорта која се нарекува „чоколадна“ и не содржи танин, па може да се јаде уште додека е тврдо.

Здравствените придобивки се многубројни, а причините поради кои јапонските јаболка се суперхрана се следните:

1. Изобилува со антиоксиданси

Антиоксидансите ги заштитуваат клетките од оштетувања. Еден моќен антиоксиданс е витаминот Ц, а едно јапонско јаболко содржи 20% од дневната потребна количина на овој витамин. Исто така, поради присуството на витамин К, го заштитува кардиоваскуларниот систем.

japonsko-jabolko-esensko-ovoshje-protiv-mamurlak-radijacija-i-rak-02.jpg

2. Содржи бета каротен

Уште еден моќен антиоксиданс кој во големи количини е застапен во храната со портокалова боја. Бета каротенот во човечкото тело се трансформира во витамин А, кој е чувар на видот и здравата кожа, бидејќи ја заштитува од дејството на сончевите зраци и поттикнува обнова на ткивата.

3. Богат извор на растителни влакна

Растителните влакна кои се наоѓаат во јапонските јаболка го регулираат нивото на холестеролот и шеќерот во крвта. Освен тоа, помагаат за подобра дигестија и ги чуваат „добрите“ бактерии во цревата.

japonsko-jabolko-esensko-ovoshje-protiv-mamurlak-radijacija-i-rak-04.jpg

4. Изобилува со селен

Селенот е минерал кој има важна улога за имунолошкиот систем особено во создавање бели крвни зрнца (леукоцити), кои се борат против инфекциите во телото. Исто така, учествува во борба против слободните радикали и ја намалува веројатноста за појава на клетки на рак, особено на простатата, белите дробови, рак на дојка и дебело црево. При појава на рак, го инхибира неговото ширење и го чисти телото од штетните последици од радиотерапијата.

5. Останати придобивки 

Во свежа форма ги олеснува проблемите со тврдата столица, а во сварена форма проблемите со дијареја. Истовремено, го подобрува варењето и ги чува „добрите бактерии“ во дигестивниот тракт, го ублажува мамурлакот, го зајакнува имунитетот и го намалува апетитот, што го прави идеална храна доколку сте на диета.

Во азиската кујна, освен што се јаде свежо, многу често се консумира во сушена форма како додаток на колачи и ориз или од него се прави вино.

japonsko-jabolko-esensko-ovoshje-protiv-mamurlak-radijacija-i-rak-05.jpg

A. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg