Спанаќот е поздрав кога е сварен, ја намалува ќелавоста и уште 8 нови информации за него

Уште кога бевме деца, благодарение на морнарот Попај, дознавме дека спанаќот е здрава храна која нè прави посилни. Но, ова не е единствената придобивка што ја нуди овој зеленчук.

10 interesni fakti za spanakot sto ke ve iznenadat 01

Со овие 10 факти за спанаќот можеби досега не сте биле запознаени:

1. Кога ќе ја споредите количината на железо во 100 грама спанаќ и 100 грама плескавица од говедско месо, ќе најдете повеќе железо во спанаќот отколку во месото (3,57 мг наспроти 2,49 мг).

2. Спанаќот најмногу (количински) се одгледува во Кина, околу 26 милиони тони годишно, што претставува околу 92% од вкупното светско производство на оваа храна.

3.Спанаќот бил откриен во античка Персија, од каде пристигнал во Кина во седмиот век. Поради оваа причина, денес во Кина се нарекува и „персиско зеленило“.

4. Во САД постои Национален ден на спанаќот, кој се слави на 26 март секоја година.

10 interesni fakti za spanakot sto ke ve iznenadat 02

5. Во средниот век го користеле сликарите за да создадат зелена боја.

6. За разлика од другите зеленчуци, спанаќот е поздрав кога се јаде готвен, отколку сиров.

7. Спанаќот е идеална храна за диета, бидејќи 100 гр содржи само 23 калории.

8. Сите знаеме дека краставицата содржи многу вода во неа, но дали знаевте дека спанаќот содржи дури 91% вода?

9. Поради голема количина на железо, спанаќот е корисен за нашата коса, па доколку имате проблеми со ќелавост, зголемете го внесот на оваа храна.

10. Најдобро е да се консумира во рок од осум дена откако ќе се собере.

10 interesni fakti za spanakot sto ke ve iznenadat 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg