10 лесни начини да се храните поздраво секој ден

Постојат многу совети за тоа како да се храните здраво, но ако сме искрени, понекогаш не сакаме да размислуваме за сето тоа. Особено кога сме гладни (со други зборови, секогаш).

10-lesni-nacini-da-se-hranite-pozdravo-sekoj-den-01.jpg

Се сеќавате ли колку ни беше лесна исхраната во детството - отвори ја устата, џвакај, уживај… Да, тоа беше поедноставно време. Денес не е лесно да се знае како да се јаде здраво.

Меѓу сите модерни диети, гурмански трендови и постојано зголемување на понудата на т.н. „супер храна“, сѐ стана покомплицирано. Здравата исхрана не треба да биде научна фантастика. Она што е важно е да се држите до одредени основи.

Ова се 10 лесни начини да се храните поздраво секој ден...

1. Јадете крцкава храна

Храна која крцка кога се јаде, како јаболко, целер или ореви, ја ангажира вашата уста повеќе од храната што ја сркате. Колку повеќе џвакате, толку побавно ќе јадете, а вашето тело ќе има повеќе време да реагира, односно, да знаете дали сте сити.

2. Јадете свесно

Кога ќе седнете да јадете, бидете свесни за секој залак. Особено првите неколку, бидејќи во нив најмногу ќе уживате. Но ова не е единствената причина зошто треба да јадете побавно.

На вашиот мозок му треба околу 20 минути за да сфати дали вашиот стомак е полн. Ако јадете брзо, постои голема веројатност дека ќе ја преминете границата на ситост и дека ќе се прејадете.

3. Закуска

Кога долго време не јадете помеѓу оброците, тешко е да се контролира следниот оброк, а да не се претера. Се разбира, треба да внимавате каков тип на закуска ќе одберете. Закуска богата со протеини, влакна и јаглеродни хидрати ќе ви даде доволно енергија.

10-lesni-nacini-da-se-hranite-pozdravo-sekoj-den-02.jpg

4. Пијте повеќе вода

Добра хидратација му помага на вашето тело да функционира правилно, како и да не се прејадете. Понекогаш можете да се чувствувате гладни, а всушност сте жедни. Сè на сè, не е лошо да испиете чаша вода.

5. Не ги прескокнувајте оброците

Редовните оброци во текот на денот го задржуваат метаболизмот во целосна функција, ја спречуваат загубата на енергија, нè одржуваат будни и концентрирани и можат да ни помогнат во одржувањето на телесната тежина.

Треба да се јаде на секои три до четири часа. Без енергија што ја добивате од јаглени хидрати, нивото на шеќерот во крвта може да се намали, што може да доведе до замор.

6. Бирајте вистинско овошје наместо варијанти со „вкус на овошје“

Ако на декларацијата го видите зборот „вкус“, тоа значи дека вистинскиот вкус е отстранет од таа намирница и дека е додаден вештачки вкус.

7. Вечерајте на масата

Колку помалку работи ви го привлекуваат вниманието, толку помал стрес ќе чувствувате додека јадете, а вашиот организам подобро ќе ги апсорбира хранливите материи.

Исклучете го телевизорот, седнете подалеку од работната маса и вечерајте мирно.

10-lesni-nacini-da-se-hranite-pozdravo-sekoj-den-03.jpg

8. Не е секој смути здрав

Смути кој содржи само овошје и овошен сок е, во суштина, десерт. Смути може да претставува здрав оброк, под услов да користите зеленчук и состојки богати со протеини и влакна, како што се бадемово млеко и чија семки.

За да бидете сигурни дека не консумирате смути кој е вистинска калорична бомба, подгответе го дома.

9. Гответе почесто

Се разбира, можете да нарачате храна, но ако сакате јадете здраво, треба да издвоите најмалку неколку минути за сечкање, миење или печење. Кога сами подготвувате храна ќе знаете точно кои состојки да ги користите и свесно ќе одберете што навистина сакате да јадете.

10. Направете план

Неделниот план на оброци ќе ви помогне да јадете подобро и да заштедите пари и време во текот на неделата. Сепак, ова може да претставува голем предизвик, особено ако го правите планот сами.

Доколку не знаете како да го направите вашиот план на оброци, консултирајте се со експерт.

10-lesni-nacini-da-se-hranite-pozdravo-sekoj-den-04.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg