Три пати во текот на денот кога е добро да консумирате јаглехидрати
Денес постојат безброј диети кои го ограничуваат или целосно го забрануваат внесувањето на јаглехидрати. Нo дали јаглехидратите се навистина толку штетни?
Можеби јаглехидратите не се неопходна хранлива материја, но тоа не значи дека треба целосно да ги исфрлите од исхраната. Всушност, најважен е видот на јаглехидрати, како и периодот од денот во којшто ги консумирате.
Доколку ги јадете во вистинско време, тие можат да ви помогнат да ослабите и да ја зачувате идеалната тежина. Па, кога е најдобро да јадете јаглехидрати?
Наутро
Најдобро е да изедете оброк со јаглехидрати наутро, откако ќе станете. Во текот на ноќта, телото „пости“ и ги разложува јаглехидратите. Па, доколку изедете појадок богат со јаглехидрати, ќе надополните за она што се изгубило во ноќта без да го складирате како масти.
Најдобриот извор на јаглехидрати за појадок се овесот, гранолата, па дури и малку овошје. Притоа не заборавајте да внесете и малку протеини за појадок.
Пред вежбање
Бидејќи јаглехидратите ни даваат енергија, важно е да ги консумирате пред вежбање. На овој начин ќе можете да издржите и поинтензивен тренинг. Покрај намирниците за појадок, пред вежбање можете да консумирате бел ориз или сладок компир.
Овие намирници содржат непреработени јаглехидрати и ќе ви дадат енергија без разлика дали вежбате кардио или со тегови.
После вежбање
Кога вежбате, телото ги троши јаглехидратите, па важно е потоа да надополните за изгубеното. Покрај тоа, јаглехидратите помагаат во разнесувањето на инсулинот до мускулните клетки, со што се забрзува и разнесувањето на другите хранливи материи.
Доколку ги избегнувате јаглехидратите после вежбање, вашите мускули нема правилно да заздрават после тренингот. Поради ова ќе се чувствувате воспалено, а можно е дури и да изгубите дел од мускулната маса. Кога не ги храните мускулите, метаболизмот забавува и се намалува ефикасноста на тренингот.
Секогаш консумирајте и протеини со јаглехидратите
Комбинирањето на јаглехидратите со протеини го забавува процесот на дигестија. Благодарение на ова мускулните клетки добиваат повеќе протеини. Исто така, протеините подолго ќе ве држат сити, па ќе го избегнете прејадувањето.
Спирова С. | Црнобело