Зошто треба да почнете да консумирате „втор појадок“?

Вториот појадок не е само традиција на хобитите од „Господар на прстените“ – Европејците уште одамна уживаат во консумирање уште еден утрински оброк. Децата на училишна возраст во Германија имаат утринска пауза околу 9:30 часот наутро, каде што јадат втор појадок, а според истражувањата, ова има добро влијание врз нивното здравје. И возрасните Германци имаат втор појадок, weisswurst frühstück, односно мал оброк со колбаси, јајца, сенф и понекогаш пиво.

zosto-treba-da-pocnete-da-konsumirate-vtor-pojadok-001.jpg

Сега изгледа вториот појадок почнува да се прославува и ширум светот. 

За атлетичарите, вториот појадок може да помогне во утринскиот тренинг, да ја изгради мускулната маса и да го забрза опоравувањето после напорно вежбање. Зголемувањето на внесените калории со втор појадок помага во создавање вишок калории, релативни на нивното високо ниво на активност.

Бидејќи спортистите консумираат и 4.500 до 6.000 калории дневно, делењето на храната на повеќе оброци му ја олеснува работата на дигестивниот систем.

zoshto-vtoriot-pojadok-e-mozhebi-dobar-za-vas-02.jpg

Иако „обичните“ луѓе ретко се движат доволно за да консумираат 6.000 калории дневно, вториот појадок може да им биде од помош на оние кои сакаат да вежбаат, доколку е внимателно испланиран.

Доколку појадоците навистина се оброци, тогаш имаат премногу калории. Но, доколку и двата оброка се помали, во текот на денот ќе консумирате помалку калории. Ова е одлично за луѓето кои сакат да вежбаат наутро.

Придобивки од вториот појадок можат да имаат луѓето кои сакаат да ослабат. Додека вториот појадок им помага на спортистите во вежбањето и градењето мускулна маса, кај луѓето со вишок килограми го намалува чувството на глад.

Оваа стратегија е позната како претходно консумирање калории, односно консумирање на најголемиот дел од калориите пред пладне. Големиот појадок и малата вечера можат да им помогнат на луѓето да ослабат, да се справат со гладта и да го намалат нивото на шеќер во крвта.

zoshto-vtoriot-pojadok-e-mozhebi-dobar-za-vas-03.jpg

„Луѓето кои консумираат поголем дел од калориите и јаглехидратите порано во денот забележуваат повеќе резултати од диетата, за разлика од оние кои го прескокнуваат појадокот или кои консумираат повеќе калории навечер“, изјавила Тамара Дукер Фримен, нутриционист од Њујорк.

Истражувањата покажале дека луѓето кои јадат повеќе во текот на денот, а помалку навечер, подобро ги издржуваат нивните диети. Според Тамара, просечната жена што сака да ја проба оваа стратегија би требало да консумира околу 450 до 500 калории помеѓу првиот и вториот појадок. Мажите можат да консумираат поголем број калории.

Исто така, Тамара тврди дека вториот појадок ја намалува желбата за нездрава храна. Долгите паузи помеѓу оброците најчесто предизвикуваат силно чувство на глад, а потоа прејадување.

Дополнителниот оброк претпладне, особено ако е богат со протеини и хранливи влакна, ќе ви помогне да го контролирате вашиот апетит и да се воздржете од прејадување подоцна во денот.

Калоријата е калорија, без разлика која ја консумирате. Но, постојат некои докази кои покажуваа дека јадењето порано има свои придобивки, што дополнително ја нагласува важноста на појадокот, но и на вториот појадок или мала ужина пред ручек.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg