3 причини зошто треба да се јаде путер од кикиритки
Путер од кикиритки најчесто поврзуваме со американски филмови, но во последниве години тој е достапен и кај нас во, речиси, секоја продавница. Некои луѓе го користат за помош при вежбање или како посебна исхрана, а некои луѓе сакаат да ја комбинираат исхраната со овој, малку, невообичаен вкус.
Дали се работи за здрав производ? Да, ако го јадете умерено и ако има минимум 90% кикиритки, а за најдобар ефект најдобра е природната верзија.
Путерот од кикиритки е патентиран во 1895 од страна на д-р Џон Харви Келог. Со текот на годините, овој намаз стана препознатлив во САД. Оттогаш се спроведени бројни истражувања за да ги потврдат неговите придобивки за нашето здравје.
Ова се три причини зошто треба да се јаде путер од кикиритки:
1. Помага во губење на тежината
Ова се должи на изобилството на протеини, незаситени масти и влакна. Токму овие супстанции во нашето тело создаваат чувство на ситост. На овој начин јадеме помалку храна, особено блага.
Дневната потрошувачка на ореви, путер од кикиритки и кикиритки го намалува ризикот од дебелината и помогна да се одржи посакуваната тежина.
2. Го одржува здравјето на срцето
Путер од кикиритки содржи незаситени монокиселини, ниацин, магнезиум и витамин Е, кои заедно влијаат на функцијата на срцето. Слични својства има и маслиновото масло.
Покрај тоа, неспоредливо е поевтин од таблети за срце, затоа е пожелно да се најде во нашата секојдневна исхрана.
Сепак, треба да се има на ум дека изобилува со калории. Една тегла содржи повеќе од 2.000 калории, затоа се препорачува една лажица дневно.
3. Го одржува нивото на шеќерот во крвта
Природниот путер од кикиритки е совршен избор за луѓето кои страдаат од дијабетес. Бидејќи содржи мала количина на јаглени хидрати и оптимална количина на добри маснотии, влакна и протеини, не влијае значително на нивото на гликозата во крвта.
Покрај тоа, содржи магнезиум кој е неопходен за правилно функционирање на телото.
Пред да го консумирате проверете дали сте алергични на некоја од состојките, бидејќи кикиритките се чести алергени.
Ашера | Црнобело