Како да станете веган во 5 чекори?

Сакате да станете веган? Придобивките се многубројни - подобри атлетски перформанси, намалување на телесната тежина или подобрување на некоја од следните здравствени состојби: висок холестерол, дијабетес, висок крвен притисок, менструална болка или артритис.

Stanete vegan vo 5 chekori 01

Ако се прашувате од каде да почнете, овој текст ќе ви ја олесни работата.

Чекор 1: Проверете ги можностите

Овој чекор трае седум дена. Проверете ги можностите и не ја менувајте вашата моментална исхрана. Наместо тоа размислете за оброците што би сакале да ги јадете а не содржат состојка од животинско потекло.

Земете лист хартија и направете листа за појадок, ручек, вечера и ужинки. Ако вообичаено имате појадок од житни и млечни производи, ова е вашата шанса да пробате бадемово млеко. Соиното и оризовото млеко се исто така добри алтернативи. Пробајте и видете кое ви се допаѓа најмногу.

Експериментирајте со нови производи и, ако сакате, нови рецепти.

Чекор 2: Започнете

Сега е време да стартувате. Следните три недели целосно избегнувајте ги производите од животинско потекло. Би требало да биде лесно бидејќи се работи за само три недели, а претходно веќе ги одбравте намирниците што ви се допаѓаат.

За време на оваа тринеделна фаза треба да бидете вистински строги. Целта е да ја почувствувате промената и да останете отворени за истражување на нови производи, нови ресторани, рецепти или веб-сајтови кои ќе ви помогнат при транзицијата.

Чекор 3: Измерете го вашиот напредок

По 21 ден евидентирајте го вашиот напредок. Најпрво, ќе бидете поздрави. Второ, сигурно ќе изгубите неколку килограми. Ако имате дијабетес, нивото на шеќер во крвта ќе се подобри. Вашата дигестија ќе биде подобра, исто како и вашето расположение.

Ако проверите, сигурно ќе забележите подобрување и во нивото на холестерол како и крвниот притисок. И колку и да не очекувавте, вашиот вкус ќе почне да се менува. Помалку ќе ве привлекуваат производите од животинско потекло, а тоа дополнително ќе ве мотивира да продолжите по патот по кој тргнавте.

Чекор 4: Најдете сојузник

Сега е добро време да размислите за вашите драги луѓе кои би можеле да имаат корист од ваквата исхрана. Брачниот другар или партнер, родител, вашите деца, колеги - може да ги понудите да се пробаат во оваа исхрана.

Не мора да биде долгорочна обврска. Но, ако ги поканите да ви се придружат за уште еден тринеделен "експеримент", ќе им овозможите да откријат дека и тие ќе имаат корист.

Сега, исто така, е добро време да се размислува за тоа кои се останатите придобивки од вашиот нов начин на живот.

Чекор 5: Не размислувајте за далечна иднина

Задржете го краткорочниот фокус. Сега засега можеби немате намера да се вратите на стариот начин на исхрана. Но, не чувствувајте притисок да донесете каква било долгорочна одлука.

Задржете го фокусот на она што го јадете сега, продолжете да ги уживате придобивките и бидете добар пример за околината.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg