„Само еден совет од нутриционист ми помогна да се справам со зависноста од благо“
„Благото го гледав како награда, ако имав чоколада дома чувствував немир. Сега, слатките работи повеќе немаат моќ над мене...“
Сите знаеме дека слатките работи се штетни - ни ја расипуваат линијата, косата, кожата и листата на негативни ефекти продолжува до недоглед. Но, не можеме да се откажеме од нив.
Една поранешна „зависничка“ од благо открива кој совет од нутриционист ѝ помогнал да се справи со зависноста.
Нејзината исповед:
„Здраво јас сум Хана, имам 30 години и зависничка сум од благо. Да, баш така – претераното консумирање на слатки работи е зависност. Не е толку деструктивна како алкохолот и цигарите, но е зависноста и е штетна.
Уште од мала пребарував по плакарчињата за да видам што скриле моите родители. Слатките за мене беа нешто забрането и токму поради тоа нешто многу посакувано.
На пример, кога не сакав да ја дојадам супата, ми велеа заврши ја и ќе го добиеш твоето омилено чоколадо. Благото ми стана награда.
Тогаш не сфаќав дека не живееме за да јадеме, туку јадеме за да живееме. Ако имав чоколадо дома, јас чувствував немир сè додека не го изедам.
Кога ќе кажев дека сум на диета, пак јадев благо, но обвивката ја криев подлабоко во корпата за отпадоци за да не ја видат другите, но и јас да не ја гледам и да чувствувам грижа на совест.
Толку се навлеков на благо што ако не јадев наутро чувствував дека ме боли глава цел ден. Бев несигурно околу мојот изглед, се нервирав што не можам да си најдам соодветна облека, имав комплекси, а сепак јадев благо.
Кога сопругот ќе ме опоменеше се чувствував навредено и му велев дека не ме прифаќа таква каква што сум.
Почнав да вежбам, но по тренинзите се честев со благо затоа што сметав дека сум заслужила. Бев заглавена во магичен круг.
Кога ми се роди дете сфатив дека него треба да го научам на здрави навики за исхрана, а за да го сторам тоа треба прво да се научам себеси. Контактирав психолог и еден совет од неа ме спаси. Ми порача: „Престани да го дигаш благото на ниво на награда и да му даваш најголема вредност.“
Таа ми направи план за исхрана, но најважно е што ме научи на умереност и на тоа да му ги давам на телото потребните хранливи состојки и да го слушам своето тело.
Прекинав со благото и ми прекинаа главоболките и промените во расположението.
Сега, храна не ми е главна преокупација на умот. Слатките работи повеќе немаат моќ над мене. Може да си дозволам да каснам малку чоколадо некогаш или торта на забава, но сега дома можам да чувам кутија со чоколади за гости и да не се плашам дека ќе паднам во искушение да ги изедам.
Јадам полека и уживам во вкусот на храната. Конечно имам хармонична врска со неа.“
С. С. | Црнобело