6 креативни совети за да го организирате нередот во домот

Растурени чевли, клучеви кои никогаш не можете да најдете каде сте ги ставиле... Прочитајте ги овие креативни совети кои ќе ви помогнат да го организирате нередот...

6-kreativni-soveti-za-da-go-organizirate-neredot-vo-domot-01.jpg

Многу работи што ни стојат дома, всушност не ни требаат, но ги чуваме зашто „може да се најдат еден ден“.

Најмногу поради таквите работи, домот ни е често хаотичен, а ние не знаеме како да се справиме со нередот.

Прочитајте ги овие 6 совети, можеби некој од нив ќе ви биде од полза и ќе ви помогне барем малку да го средите хаосот низ дома:

1. Ако немате многу простор за чување на чевлите, обидете се да направите екстра место така што ќе ставите закачалка на ѕидот (или од страната на плакарот во ходникот), па на неа да ги закачувате обувките.

Обувките можете да ги чувате и во картонска кутија која во внатрешноста има прегради (како во кутиите за чаши) - ова нема да ви зафати многу простор.

6-kreativni-soveti-za-da-go-organizirate-neredot-vo-domot-06.jpg

2. Ако имате многу пластични и стаклени садови со капаци за складирање храна, знаете дека тие ќе ви зафатат повеќе место ако врз секој сад го ставите капакот и така ги чувате во плакарот.

А многу често се случува и да ги загубите капаците. Наместо да се мачите, купете шарен пластичен федер (една од омилените играчки од детството), со него направете круг и во празниот простор наредете ги капаците (како на фотографијата).

6-kreativni-soveti-za-da-go-organizirate-neredot-vo-domot-04.jpg

3. Пластичната сушара за садови може да ја искористите за во неа да ги складирате сите четки, сунѓери, жички, крпи и средства за чистење, наместо да ви стојат расфрлани под мијалникот, на пример.

6-kreativni-soveti-za-da-go-organizirate-neredot-vo-domot-05.jpg

4. Уште еден добар начин за да ги складирате шишенцата со хемикалии, гумените ракавици или средства за чистење, е да ги ставите во пластични кутии.

Кутиите поставете ги вертикално на некоја полица, фиксирајте ги, а потоа наполнете ги со работите што сакате да ги чувате во нив.

6-kreativni-soveti-za-da-go-organizirate-neredot-vo-domot-07.jpg

5. Ако немате доволно простор за дрвената даска за сечење на работната маса, тогаш можете да извлечете една фиока и да ја ставите врз неа.

Ако немате вградени фиоки покрај мијалникот, може да ја користите и фиоката во која го чувате приборот за јадење.

6-kreativni-soveti-za-da-go-organizirate-neredot-vo-domot-02.jpg

6. Доколку постојано ги губите клучевите, време е да научите да ги ставате секогаш на едно место каде што ќе знаете дека треба да стојат.

Па, така, ако немате сандаче или закачалка за клучеви, можете да ја направите сами од пластични коцки со кои си играат децата.

Во секоја коцка направете дупка, па во неа ставете кука на која ќе се држат клучевите. Основата залепете ја на ѕид, на неа ставете ги коцките со куки и закачете ги клучевите (како на фотографијата).

6-kreativni-soveti-za-da-go-organizirate-neredot-vo-domot-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
3 начини за црвени велигденски јајца со природни бои (од намирници во вашата кујна) Со само неколку состојки кои речиси секогаш ги имаме во домот можете да направит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg